ISTQB Test Automation Engineer


Аплицирај
Почеток на курсот
13 Мај 2024
Број на часови
20
Цена на курсот
850 ЕУР

Опис на курсот

Програмата на овој курс ќе им овозможи на студентите да научат како да стават фокус на дизајнирање, развивање и одржување на решенијата за автоматско тестирање. Тие ќе се стекнат со знаење во врска со концептите, методите, алатките и процесите кои се среќаваат во автоматизираните функционални и динамички тестови, а во истовреме и врската помеѓу тие тестови со менаџирањето на истите, конфигурацискиот менаџмент, менаџментот на слабостите и дефектите, сите процеси во развивање на софтверот и сигурноста на квалитетот. Методите кои се опишани во овој курс се генерално апликативни со повеќе варијации на целиот животен циклус на софтверот, типовите на софтверските системи како и сите типови на тестирање.

За кого е наменет:

  • Software тестери
  • Тест аналисти, тест девелопери, тест менаџери
  • Software девелопери

Содржина на курсот

  • Модул 1: Вовед и цели на Автоматско Тестирање
  • Модул 2: Подготовка за Автоматско Тестирање
  • Модул 3: Структура на генеричко Автоматско Тестирање (gTAA)
  • Модул 4: Распоред на ризици и непредвидени ситуации
  • Модул 5: Извештаи и метрики за Автоматско тестирање
  • Модул 6: Транзиција од Рачно Тестирање кон Автоматско тестирање
  • Модул 7: Верификување на решението за автоматско тестирање (TAS)
  • Модул 8: Континуирано подобрување

Лицата кои ќе се сертифицираат за ова ниво:

  • Ќе имаат единствена, интернационално признаена сертификација за напредно знаење во областа на тестирање на софтвер во со специјализација за инжињер за автоматско тестирање.
  • Ќе научат како да процесот на создавање и интеграција на автоматизации за тестирање.
  • Ќе бидат способни да изберете алатки и технологии за потребите на секој проект.
  • Ќе се оспособат за креирање на пристапи и методологии поврзани со градење на структура на автоматско тестирање.
  • Ќе научат како мануелниот процес на тестирање е заменет со автоматскиот начин на тестирање.
  • Ќе научат како се креираат извештаи и метрики поврзани со автоматското тестирање.

Лице за контакт за физички лица

Сања Гавриловска
Специјалист за продажба на ISTQB курсевите
+389 75 226 875, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт за компании

Душан Натевски
Специјалист за продажба на ISTQB курсевите
+389 78 441 752, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Потребно е да имате најмалку тригодишно искуство во практично работење во делот на тестирање на софтвер.
Мора да поседувате ISTQB Certified Tester Foundation level сертификат.

Материјали за курсот

Како дел од курсот ќе ги добиете следните материјали:

  • Книга
  • Лабораториски вежби

Сертификат: ISTQB® Certified Tester - Advanced Level, Test Automation Engineer

Испит

ISTQB® Certified Tester – Test Automation Engineer, во цената на курсот не е вклучен испитот.

Зошто оваа обука?

Програмата за сертификација опфаќа повеќе видови на концепти на автоматско тестирање, техники, алатки и најдобри примери. При подготовката и стекнувањето на сертификацијата, можете да ги унапредите вашите вештини и знаење во автоматското тестирање, овозможувајќи ви поголема ефективност во сработените проекти. Сертификацијата овозможува стандардизиран обем на знаење кога станува збор за терминологијата која се однесува на автоматското тестирање. Ова знаење може да биде од голема важност кога се работи на проекти во кои се вклучени интернационални тимови или клиенти.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура