Александар Русески - Virtual Reality Developer

Virtual Reality Developer – професија на иднината

Стани креатор на виртуелна реалност, но заработи реални пари!

Александар Русески е дел од тимот на Семос Едукација скоро една година. Предава Unity, поточно развивање игри со програмата Unity која што ја учел самостојно околу 5-6 години. Преку Семос Едукација, тој станува сертифициран Unity програмер.

Причината поради која се одлучува да го пренесува своето знаење, е самата атмосфера во Семос Едукација која подразбира инвестиции во изучување на нови технологии и следење на трендовите - Unity не се предава на друго место освен во Семос Едукација.

Александар е комплетно подготвен да ја пречека својата прва Virtual Reality генерација, а неговите предавања несомнено ќе ве освојат, бидејќи секогаш се поткрепени со вистински примери кои би ви биле од корист во пракса.

Но, кога ќе се спомене зборот виртуелна реалност, обично на луѓето прво што им паѓа на памет е онаа чудна направа што се става на лицето со цел поавтентично доживување на игрицата. Или можеби осамен човек кој води љубов со својата виртуелна партнерка. Луѓето, особено генерациите: „Сине, ај те молам меморирај ми го овој број?!“ имаат погрешно уверување дека ваквите модерни професии не можат да обезбедат стабилна и долгорочна егзистенција.

Затоа, го замоливме Александар да ни појасни што е виртуелна реалност?

„VR, ако смеам да бидам слободен во интерпретацијата, ќе биде следниот тип на user interface, односно начинот на кој работиме со компјутерите. До сега работевме на класичните компјутери во 2D простор исполнет со прозорци и икони кои ги манипулиравме со глувче и тастатура, а сега ќе работиме во многу поинтуитивната симулирана 3D средина со помош на гестикулации со рацете. Секако, прво доаѓаат игрите да го разбијат ледот, а потоа и останатите алатки,“ вели Александар.

Развојот на технологиите е процес кој тече и не прашува, а само оние, со визија пред времето знаат да ги искористат во своја полза. Предвидувањата велат дека виртуелната реалност освен во доменот на забава, ќе наоѓа широка примена во различни едукативни процеси – медицина, пилотирање, тренирање војска.

Кои знаења и вештини се кријат зад Unity Академијата - што сѐ носи во себе терминот Unity?

„Unity е софтвер кој што во себе „содржи“ повеќе професии. Имено, Unity  може да го користите како програмер, game designer или 3d artist. Каде ќе се насочите е ваш избор,“ појаснува Александар.

Сега го имате и одговорот на прашањето, што со сигурност многумина ќе ви го постават – Што ќе станам јас по завршување на Unity Академијата? Истиот гласи: Unity програмер, Unity 3d Artist, Unity 2D artist, Game Designer.

Колку Unity програмерите се барани на пазарот на трудот?

Unity програмери сѐ повеќе се бараат, иако сѐ уште не со брзината која ја заслужува технологијата. Но, со промоција на вакви академии се побиваат и локалните предрасуди и бариери кои што го забавуваат прогресот на game development и VR индустријата,“ вели Александар.

Моментален тренд или професија што ќе остане?

Верувале или не, одговорот го имаат децата од градинка. Светските анкети покажуваат дека покрај стандардните професии како доктор, астронаут, пожарникар, во пораст е бројот на деца  (особено машките) кои велат дека во иднина ќе креираат игрици. Ова е уште една потврда дека како родители честопати знаеме да форсираме закоравени ставови кога е во прашање нивната иднина. 

„Верувам дека тука ќе се отвораат сѐ повеќе компании за игри, од истите причини поради кои се отвораат и информатички компании, а тоа е високиот квалитет на кадар, а воедно и профитабилноста на индустријата,“ ни потврди Александар.

Како луѓето да проценат дали оваа академија е токму за нив?

„Unity е толку популарна алатка, токму затоа што е можеби најлесната алатка за учење од сличните на пазарот. Предзнаење е секогаш добредојдено, посебно од програмирање или 3Д софтвер како Autodesk Maya или Autodesk 3dsMax, но академијата е подготвена за целосни почетници,“ појасни Александар.

Желба, труд, 180 школски часа и 1 испит, ве делат од титулата Virtual Reality Developer – бидете први! 

Официјална Unity Академија за Virtual Reality - повеќе за академијата