Тестимонијал од родител: г-дин Дејан Николоски

Најдобри предавачи, наставна програма,
разноликост на области кои се нудат – сето ова го има во Детскиот
едукативен центар на Семос Едукација.  

Тестимонијал од родител: г-дин Дејан Николоски 

 

 Што Ве мотивираше да го запишете вашето дете на IT курс?

Последниве две години пандемијата со COVID-19 сите нè затвори дома. Тоа најмногу се одрази кај моите три деца. Не чекајќи многу, започнав да им го доближам она што јас го работам и придобивките кои ќе ги имаат ако бидат информатички писмени. Секојдневно ги мотивирав дека треба да започнат со паметна работа на компјутери, а не седење пред компјутер по цел ден и играње игри. Веднаш започнав да истражувам што можам јас да направам во врска со ова. Истражував повеќе академии кои нудат online IT едукација. Не ми требаше многу време да одлучам. Врз основа на сеопфатните истражувања кои ги направив, заклучив дека најдобри предавачи, наставна програма, разноликост на области кои се нудат - има во Детскиот едукативен центар на Семос Eдукација.  

Веднаш наидовме на повеќе предизвици: како да се совлада материјалот кој се учи во училиште, изработка на домашните задачи, изработка на проекти, спортување и сл. 

Децата имаат голема желба и љубов кон она што го учат во Семос Едукација, но дисциплината која им ја наметнав е пресудна за продолжување по патот кој го зацртавме заедно. 

Знаете како велат: „Мотивацијата е оној почетен импулс за постигнување на успех, но без дисциплина, напорна и одлучна работа нема успех.“ 

Какво е Вашето досегашно искуство и задоволство од Детскиот едукативен центар на Семос Едукација? 

Во овие две години, откако почнаа да посетуваат курсеви во Детскиот едукативен центар на Семос Едукација, имаат завршено вкупно 12 курсеви во различни области. Децата имаат огромно задоволството од она што го научија. Наученото им помага во секојдневното работење со компјутер, изработка на домашни задачи и сл. 

Зошто би го препорачале Детскиот едукативен центар на  Семос Едукација? 

Искуството на предавачите, начинот на несебично пренесување на знаењето, квалитетот на наставата, соодветното ниво на однесување за време на наставата но и после наставата, достапноста на предавачите, разноликоста на курсеви, а најмногу добиениот резултат се причините поради кои сме исклучително задоволни и затоа силно го препорачувам Детскиот едукативен центар на Семос Едукација.  

Каков совет би им дале на родителите кои сакаат да инвестираат во знаењето и иднината на нивните деца во областа на IT вештините?  

 Не чекајте, времето брзо поминува, иднината е во стекнување на IT вештини.