Корина Николовски - предавач на Академијата за Automation Software Tester

Q&A со Корина Николовски – предавач на Академијата за Automation Software Tester

 Која е Корина професионално? Како дојде до ангажман како предавач во Семос Едукација?

До ангажманот како предавач во Семос дојдов преку препорака од предавач во Семос Едукација – Стефан Крстевски. Стефан ме информира дека имаат потреба од нов предавач за технологиите кои ги работам и мене ми звучеше како интересен предизвик, па така започна и мојот ангажман.

Омилен дел од искуството како предавач?

Омилените делови од искуството како предавач се несекојдневните и различните гледишта на проблемите и технологиите кои ги предавам, особено кај студентите кои не доаѓаат од оваа област или имаат минимално техничко знаење.

На кои технички вештини си најмногу горда и најмногу ти користат во работата?

Горда сум на сето мое знаење и технички вештини кое успешно можам да го пренесам на студентите. Досега имав можност на студентите да им го споделам своето знаење од HTML, CSS, JavaScript, C#, .Net Core, MVC и уште многу други технички практитки за полесна работа и совладување на предизвиците со кои се соочуваат.

Кои вештини треба да ги поседува еден успешен предавач?

Еден предавач треба да има одлични комуникациски вештини, да биде адаптибилен, креативен и активно да ги слуша студентите. Со овие вештини, предавачот успешно ќе го пренесе своето знаење и ќе ги разбере предизвиците и барањата на кандидатите.

Сподели ни интересна случка за време на предавањата.

Немам конкретна случка да споделам но можам да потврдам дека најинтересниот дел кај секоја група студенти со кои досега сум работела е решавање и дебагирање на грешки во кодот.

Сигурни сме дека квалитетен предавач како тебе секојдневно добива позитивни коментари од студентите. Сподели ни студентски фидбек кој најмногу ти значи.

Фидбек кој најмногу ми значи е кога студентите искрено се заблагодаруваат за пренесеното знаење. Најголема среќа и успех за мене како предавач е кога на LinkedIn добивам пораки од мои студенти дека се вработиле или добиле унапредување. Тогаш знам дека мојата мисија да споделувам знаење е успешна

Што најмногу ти се допаѓа од работата како предавач во Семос Едукација?

Најмногу ми се допаѓа тоа што имаме студенти со различни искуства и работни профили. Секој од овие студенти носи нови предизвици, нови знаења и различни погледи на технологијата која ја работиме.

Што би им препорачала на идните колеги предавачи во Семос Едукација?

Да бидат динамични и креативни во своите предавања. Да бидат несебични во споделување на своето знаење и да бидат горди на успехот кој ќе го постигнат нивните студенти.

Work-life balance е еден од најважните концепти во секоја компанија. Колку се применува во твојата работа како предавач?

Work-life балансот е навистина важен концепт и иако е предизвик, се обидувам да го применувам овој концепт колку што можам повеќе. Балансирам со една прошетка од минимум половина час во денот.

Нашето мото е Споделуваме знаење. Што за тебе значи можноста да го споделиш своето знаење и да промениш многу животи?

Ние предавачите сме тука за го споделиме нашето знаење со студентите и тоа ни причинува задоволство и ни носи успешни идни колеги и соработници.

Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.

Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.