Александра Папазова студент на Академијата за UX дизајн

Aкадемијата за UX дизајн ме научи да создадам емпатија кон корисниците преку визуелна комуникација

Задоволните студенти од Академијата за UX дизајн од година во година се во сè поголем број. Една од нив е и Александра Папазова која од сосем друга бранша, реши да се обучува за нешто ново, интересно и барано на пазарот – UX дизајн. Прочитајте за нејзиното искуство со Академијата, во продолжение.

За почеток, да се запознаеме. Која е Александра Папазова?

Најпрво би сакала да се заблагодарам за одворениот простор и желба да ме запознаете подобро. Јас сум дипломиран политиколог кој имаше еден пресврт во кариерата. Учев веб дизајн и работев како веб дизајнер за после 7 години повторно да станам студент, овојпат на UX дизајн Академијата во Семос Едукација.

Сакам динамика, бои, форма и дизајн од секаков облик (внатрешен дизајн, дизајн на облека итн). Сметам дека сите поседуваме креативност и најдобро ги изразуваме емоциите преку некаков вид на визуелена експресија. Едноставно тоа можеме да го забележиме и кај себе, секој ден, само од изборот на облека што ќе го направиме кога се подготвуваме за денот, веќе се знае во какво расположение сме.

Зошто Семос Академија за UX дизајн?

Накратко, јас пред една година се вратив во Македонија, живеев во Шпанија 4 години, таму и професионално се усовршував. Со самото враќање добив желба за мое професионално надградување и тука се донесе одлуката да се запишам на UX дизајн Академијата во  Семос Едукација.

Немаше многу пребарување и размислување, првата опција ми беше Семос Едукација, а знам и зошто :)

Имам многу пријатели кои посетувале обуки или учеле некаков тип на софтвер во Семос Едукација пред многу години. Уште тогаш, кога ваков тип на едукација не беше толку популарен сите успеаја да се усовршат и да променат кариера. Бев сигурна дека нема да погрешам со изборот.

Го контактирав тимот на Семос Едукација и впечатокот ми беше одличен, голема флексибилност од страна на вработените и супер соработка. 

Кој модул од Академијата ти остави најголем впечаток?

Искрено мојата цел овој пат беше да се надоградам, односно да научам нов тип на апликации за дизајн па тука ќе го издвојам модулот Adobe XD - алатка за дизајнирање. Да научам како да размислувам надвор од рамките и да создадам емпатија со корисниците, визуелна комуникација и тука ќе го издвојам модулот UI/UX Design, навистина прекрасно искуство со менторот Александар Бојковски. Материјалот се предаваше со длабок пристап и посветеност кон студентите.

Дали наученото од Академијата го применуваш во секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?

Да. Ако еднаш разберете како луѓето размислуваат и носат одлуки (а тоа имав прилика да го научам на Академијата), потоа многу лесно знаете како да комуницирате со луѓето секојдневно, не само преку некаква форма на дизајн. Интересен е фактот дека постојат методи како да ги насочите луѓето да перцепираат или извршат одредена активност. Ова знаење помага и во интерните релации дома и на работа. 

Каде се гледаш себеси во иднина?

Секако како UX/UI Designer, голема желба имам да ја насочам целата енергија во таа професија.

Дали Академијата ги исполни твоите очекувања и што би им порачала на идните студенти на Академијата за UX дизајн?

Моите очекувања се исполнија, а нивото на знање и практично искуство сега е за неколку нивоа погоре. За да успеете во нешто најпрво треба да имате пасија, тоа ве движи без одлед колку препреки има пред вас. Тој порив е клучен за успех. Затоа не е важно што сте работеле или учеле до тогаш, доколку ја имате желбата за промена, ќе успеете. Секој може да промени професија, потребен е правилен пристап кон материјата и многу труд. За среќа имаме ваков тип на едукација во Семос Едукација - соодветен за сите генерации.