Илија Митров - Python Developer

Илија Митров - Python Developer

Сè што се сака се може само ако се работи посветено и упорно.

 

Кој е Илија Митров?

Јас, Илија, 23 годишен програмер вработен во компанијата DFLabs кој со себе носи три годишно искуство во областа на Python програмирањето, а воедно и предавач во Семос Едукација.

Уште во средношколските денови покажував особен интерес кон информатичките науки, но откако се запознав со Python програмскиот јазик и почнав поинтензивно да го користам во секојдневната работа, сфатив дека тој програмски јазик најмногу ме исполнува.

Зошто Семос Едукација (во однос на слушање обука)?

Семос Едукација ја одбрав без многу размислување за моите 3 Сертификати затоа што го нудеа сé она што барав за да го надградам моето знаење - огромен избор на курсеви и академии. Предавачите секогаш го даваа најдоброто од себе на обуките и беа достапни за помош и прашања.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Знаењето и сертификатите добиени од Семос Едукација ми помогнаа многу и во период додека активно барав работа и кога веќе бев вработен, каде можев воедно и да ги применам стекнатите знаења.

Кои карактеристики треба да ги поседува еден успешен Python предавач?

Еден предавач треба да има голема желба да го споделува своето знаење со други, да биде трпелив со студентите и да знае да оствари добра комуникација со нив. Кога го имаш знаењето, зошто да не го пренесеш на другите?

Кое е твоето лично мото?

Мотото по кое јас се водам е никогаш не престанувај да учиш и успехот ќе си дојде сам по себе.

Кој совет би им го дале на оние кои размислуваат да се запишат на Python обука во Семос Едукација?

На сите кои се размислуваат за Python обуката би им порачал воопшто да не се двоумаат кога се работи за инвестирање во самиот себе. Побарувачката на пазарот за Python програмскиот јазик станува се поголема од ден за ден и овде не можете да погрешите со изборот.

Сè што се сака се може само ако се работи посветено и упорно.

Кој совет би им го дале на оние кои размислуваат да станат предавачи во Семос Едукација?

На сите на кои би им се пружала прилика за ваква позиција би им порачал да не ја испуштаат. Здобиеното искуство е огромно, а предизвикот и задоволството да го пренесеш своето знаење на некој друг и да му помогнеш во професионалниот живот е непроценливо.

ПОВЕЌЕ ЗА ПАКЕТ КУРСЕВИ PYTHON