Кои се придобивките од учење на кодирање кај децата?

Кои се придобивките од учење на кодирање кај децата?

Кодирањето е една од најбараните и најпосакуваните вештини во денешницата. Неговото влијание не се одразува само во правењето на компјутерски програми туку тоа поттикнува, развива и зајакнува важни животни вештини кај децата.

При изборот на изучување на одреден програмски јазик јасно е со кои знаења ќе се стекне детето, но дали сте запознаени со останатите придобивки од учењето кодирање?

Дел од придобивките од учењето на кодирање со кои се стекнуваат децата надвор од работата со компјутер се:

1. Поттикнува логичко размислување

Кодирањето бара логичко размислување со кое, децата учат како да се справат со сложените проблеми, разложувајќи ги на помали проблеми и олеснувајќи го нивното решавање. Дури и ако децата не станат професионални програмери или софтверски инженери, тие ќе го применат овој начин на размислување и во реалниот живот и во решавањето на реални проблеми.

2. Се развива креативноста

Кодирањето им овозможува на децата да бидат креатори. Во суштината, кодирањето е создавање на нешто ново. Колку би било cool да можете да дизајнирате своја апликација или видео игра? Преку учењето на кодирање децата ја максимизираат својата креативност, учат како да го решат проблемот преку реализирање на своите идеи и како да создадат свои проекти.

3. Ја зајакнува упорноста

Упорноста е важна особина која е добро да ја имаме во животот. Не сакаме децата да се откажуваат кога наидуваат на проблем или пречка, туку да продолжат со пронаоѓање на решението. Кодирањето ги учи децата на упорност. За да го решат проблемот што го имаат тие мора да продолжат да изнаоѓаат различни решенија се додека не го изнајдат вистинското решение.

4. Ги подобрува комуникациските вештини

Да учите кодирање е како да учите нов јазик. Секако, не е италијански или шпански јазик, но при учење на кодирање користиме некои исти вештини што ги развиваме и кога учиме нов јазик. Кога учиме нов јазик стануваме подобри во комуникацијата. Зошто? Треба да знаеме како да ги разложиме работите за да зборуваме едноставно. Ова е исто со кодирањето. Кодирањето ги поттикнува децата да се изразат во низа на едноставни инструкции.

5. Развиваат структурирано и критичко размислување

Децата учат како да анализираат и изградат нешто големо од многу други помали делови заедно. Ова им помага не само да ги разберат компјутерските програми, туку и да ја видат големата слика кога им е зададена мала задача.

6. Помага да се развие флексибилност

Флексибилноста не е нешто што може да се научи. Таа е развиена низ искуствата на децата. Ова е голема придобивка која децата ја развиваат во соочувањето со  проблеми за чие решавање мораат да употребат повеќе обиди или различни начини за да дојдат до решение.

7. Ги подобрува математичките вештини

Математичките вештини се неопходни кога учите да кодирате. Ова не значи дека учениците треба да бидат математички генијалци за да научат компјутерско програмирање. Тоа само значи дека учејќи да кодираат ги развиваат вештините потребни за решавање математички проблеми.

Учењето преку забава е најдобриот начин за учење, и да, кодирањето може да биде забавно! Кодирањето бара решавање на реални проблеми, а не правење на лист полн со математички равенки, што пак им помага да ги подобрат своите математички вештини.

8. Ја зголемува самодовербата

Решавањето на проблем е задоволувачко чувство. Кога децата ќе научат да кодираат и да гледаат резултати, им помага да станат поодлучни за да направат нешто повеќе. Нема ништо подобро од тоа да видите гордо дете на одреден предизвик или проект кое успешно го завршило.

9. Ги развива начините за учење

Кога децата учат на час наставникот е тој кој им предава одреден предмет. Со кодирање, децата можат да експериментираат и да научат сами. Експериментирањето со код им овозможува на децата да разберат дека одговорите не се секогаш едноставни, а некогаш има повеќе од еден одговор на одреден проблем.

Голема придобивка од учењето кодирање е тоа што ги учи децата дека е во ред ако нивниот одговор е различен од оној на другиот. Ги учи како да учат подобро што е важно во текот на целиот живот.

Придобивките од кодирањето за учениците и децата, одат многу подалеку од учењето како да се програмираат компјутерски програми. Учењето да кодираат им дава предност на децата и е високо ценета вештина што може да им помогне на децата во текот на нивниот секојдневен живот.

Во нашиот детски едукативен центар се одвиваат повеќе курсеви за кодирање, дознајте повеќе.

Вашето дете може да учи кодирање преку курсевите кои ги имаме во нашиот детски едукативен центар. Дознајте повеќе.

Детскиот Едукативен Центар на Семос Едукација нуди широка палета на курсеви за програмирање соодветно прилагодени според возраста, интересот и степенот на предзнаење. Разгледајте ја нашата понуда тука или контактирајте нѐ на еден од следниве телефонски броеви.

Лице за контакт

Наташа Ристеска Тодоровска
Раководител на Детски Едукативен Центар
+389 71 262 728, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Елена Столевска
Соработник во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, секој работен ден 9:00-17:00