Ангел Миладинов – тренер на Официјалната Unity Академија за Game Development

Q&A со Ангел Миладинов – тренер на Официјалната Unity Академија за Game Development

Кој е Ангел професионално? Како дојде до ангажман како предавач во Семос Едукација?

Јас сум game developer и ентузијаст за видео игри со повеќе од 6 години искуство во различни компании и сектори. До позицијата Unity Game Developer предавач стигнав откако бев контактиран од Семос Едукација, го поминав целиот процес на интервјуирање и одржав успешен пробен час. На крај, добив понуда за истоимената позиција.

Омилен дел од искуството како предавач?

Омилен дел од искуството како предавач ми е кога ќе забележам дека трудот кој го вложувам вродува со плод, со други зборови, кога предавањата се успешни и студентите секојдневно го надградуваат нивното знаење.

На кои технички вештини си најмногу горд и најмногу ти користат во работата?

Тоа е вештината за оптимизација на видео игри која ја користам во моето секојдневие и во секој погоден момент ја споделувам со студентите.

Кои вештини треба да ги поседува еден успешен Unity Game Developer предавач?

Огромно и длабоко знаење за програмирање и целиот Unity екосистем и способност да објаснува комплицирани концепти на едноставен и лесно разбирлив начин.

Сподели ни интересна случка за време на предавањата.

Додека имав предавање со хибридна група (online и со физичко присуство) заборавив да го исклучам микрофонот на паузата, студентите кои беа online ме прислушкуваа во текот на целата пауза 😁

Сигурни сме дека квалитетен предавач како тебе секојдневно добива позитивни коментари од студентите. Сподели ни студентски фидбек кој најмногу ти значи.

Најмногу ми значи фидбекот од цели групи, среќен сум кога знам дека сите студенти како единка се задоволни од моите предавања.

Што најмногу ти се допаѓа од работата како предавач во Семос Едукација?

Тоа е начинот на кој ги одржувам предавањата. Имам прагматичен пристап, фокусот секогаш е да учиме логички и преку пример, а да избегнуваме учење на памет.

Што би им препорачал на идните колеги предавачи во Семос Едукација?

На сите кои имаат екпертиза во некоја IT област и високи комуникациски и експресивни способности им препорачувам да аплицираат за предавачи во Семос Едукација – споделувајте знаење и изградете кариера менувајќи ги животите на вашите студенти.

Work-life balance е еден од најважните концепти во секоја компанија. Колку се применуваво твојата работа како предавач?

Да бидам најискрен, со full-time работа и предавач во исто време е навистина тешко да креираш добар work-life баланс. Периодите кога имам предавања натежнува многу повеќе кон work, додека останатиот период се трудам да избалансирам со поголем фокус на life аспектот.

Нашето мото е Споделуваме знаење. Што за тебе значи можноста да го споделиш своето знаење и да промениш многу животи?

Главната причина поради која почнав да работам како предавач е поради тоа што бев многу незадоволен од традиционалниот едукативен систем во државата и начинот на кој се пренесува знаење. Додека студирав, имав креирано слика како би требало да изгледа совршениот професор/предавач, слика до која се трудам да се придржувам секој ден. Па така, можноста да го споделам моето знаење и променам многу животи е од огромно значење за мене.

Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.

Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.