Дали Web Developer е професија за тебе?

Дали Web Developer е професија за тебе?

Што е Web Developer?

Web Developer-от  е одговорен за програмирање на кодот кој и „кажува“ на веб-страница или веб апликацијата како да функционира.

Тој е програмер кој специјализира во, или е вклучен во развојот на веб апликации користејќи модел клиент-сервер. Веб апликациите обично користат HTML, CSS и JavaScript на клиентска страна, додека PHP, ASP.NET (C #) или Java на серверска страна и http за комуникација помеѓу клиентот и серверот.

Развојот на една веб страница или апликација може да се подели на три дела: кодирање што се извршува во веб прелистувач и со што се одредува што ќе видат клиентите кога ќе дојдат на веб-страница (client-side scripting); кодирање што се извршува на веб-сервер и ја овластува позадинската страна за тоа како функционира веб-страница (server-side scripting); и база на податоци, која помага една веб-страница да работи непречено и ефикасно. При работа на големи веб-проекти честопати овие задачи се делат помеѓу повеќе Web Developer-и.

Што прави Web Developer-от?

Тој развива и одржува веб-страници и апликации секогаш имајќи го на ум крајниот корисник и клиентот. Крајниот дизајн мора да вклучи понудени производи или услуги и да на лесен начин да покаже како корисниците можат да пристапат до нив. На пример, клиентот може да сака да постави формулар за најава со e-mail со што крајниот корисник ќе може да побара дополнителни информации, да побара newsletter или едноставно да му се заблагодари на клиентот за нивниот бизнис.

Работата е типично фокусирана на проекти и вклучува соработка со тим на луѓе кои помагаат да се координираат потребите на клиентот со крајниот производ. Обврските може да вклучуваат состанок со клиенти за да се утврдат нивните потреби и барања, одржувањето на веб-страната или апликацијата, функционалности и ажурирањето. Web Developer-ите обично го градат изгледот на веб-страницата или апликацијата, создавајќи визуелно интересна страница и дизајн кој чесно комуницира со корисниците. Откако веб-страницата е активирана, програмерите се грижат веб страницата да е функционална на сите веб-прелистувачи, да се тестира и ажурира по потреба.

Еден Web Developer може да се фокусира на поставување на позадинскиот дел на веб страната или апликацијата (Backend Developer), додека друг може да се фокусира на клиентската страна за да додаде стил и функционалност на самата веб-страница или апликација (Frontend Developer).

Web Developer-ите се запознаени со технологијата и разбираат како функционираат и комуницираат компјутерите и веб-серверите. Тие се исто така запознаени со многу софтверски програми, веб-апликации и програмски јазици, како што се: (HTML), JavaScript (JS), и C#.

Web Developer-от мора да биде способен да комуницира ефективно, да поставува цели и да исполнува рокови.

Каде работи еден Web Developer?

Овој профил може да работи во различни типови организации, вклучувајќи големи корпорации и влади, мали и средни компании или сами како фриленсери. Некои Web Developer-и работат за една организација и се вработени со полно работно време, додека други можат да работат како независни консултанти или како изведувачи за агенција, подизведувачи за други организации или за лична употреба на свои проекти.

Дали Web Developer е професија за тебе?

Web Developer-ите се посебни личности. Со тенденција да бидат уметнички души, што значи дека тие се креативни, интуитивни, чувствителни, артикулирани и експресивни. Тие се слободни, оригинални, свои и иновативни. Некои од нив пак се конвенционални, што значи дека се совесни личности.

Зошто треба да станеш Web Developer?

Еве неколку од причините кои Web Developer-ите ги навеле како предности за својата професија.  

Не мора да имате факултетска диплома
Многу успешни Web Developer-и “занаетот” го учеле на курсеви и немаат никакви формални квалификации. Со познавање на програмски јазик и искуство со управување со бази на податоци, може да добиете нова професија.

Креативност
Програмерите генерално се problem solver-и. Web Developer-ите пак се во можност да бидат креативни и да создадат корисничко искуство.

Ќе бидете дел од многу почитувана заедница
Можеби повеќе од кое било друго поле, развојот на веб им овозможува на своите практичари пристап до безброј заедници за вмрежување. Овие заедници се вредни ресурси и места за интеракција и мрежно поврзување со истомисленици.

Пари! Побарувачката за веб-Developerи продолжува да расте. Затоа, работодавачите нудат повисоки плати за да го добијат најдобриот талент.

Можете да работите како хонорарци, фриленсери или како дел од организација
На овој начин можете да бирате свои проекти и да ја контролирате сопствената кариера.

Можете да работите од далечина
Природата на оваа професија е таква да може да се работи од каде било во светот.

Професија на иднината. Бидејќи веб-технологијата се шири и се развива, Web Developer-ите се сè повеќе барани од страна на работодавачите.

Забавно е
Со безброј компании кои бараат нови таленти, има возбудливи можности да се работи на терен, да се патува и да им се даде креативна контрола на сопствените проекти.

Може да се проширите и во други области
Вештините за развој на веб се лесно се пренесуваат и надоградуваат. На пример, мобилниот сектор има слични интерфејси, дозволувајќи им на Web Developer-ите лесно да преминат кон развој на мобилни апликации.

Каде работат македонските девелопери?

Според мапирањето на индустријата направено од страна на it.mk, колку што има девелопери во домашни ИТ компании (39.10%), скоро толку има и девелопери кои работат во претставништво на странска компанија во Македонија - (38.78%). Remote за странска компанија работат 9.96%, фриленс 8.81% а најмал е бројот на девелопери кои работат remote за домашна компанија, само 3.35%. Во поглед на структура на компаниите, 44.75% работат во компании од 11-100 вработени, 29.79% во тимови помали од 10 вработени и 18.46% во компании со 101-500 вработени.

Примања според технологија

Во поглед на просечни примања според технологија, Java девелоперите имаат најголеми просечни нето месечни примања од 70.919 ден., додека C# за само 9 денари помалку е на второ место со просек од 70.910 ден., а потоа следуваат .NET со 69.242 ден., SQL со 67.978 ден., PHP со просек од 67.249 ден., JavaScript со 66.837 ден. и TypeScript со 65.958 ден.. Девелоперите кои примарно куцаат HTML+CSS заработуваат во просек 61.436 ден. месечно

Платите се разликуваат во зависност од видот на работата за развој, локацијата и нивото на стажот.

Како да станете Web Developer?

Патот до работа во оваа професија варира. Додека некои се одлучуваат за дипломски студии и факултетска диплома, други се одлучуваат за степен на образование што го нудат најпознатите светски брендови преку свои специјализирани програми кои се спроведуваат преку партнерска мрежа во облик на курсеви.

Колку време е потребно за да станете Web Developer?

Нема стандардна должина на време што е потребно за да стане Web Developer. Тоа зависи од избраниот пристап кон учење.

Официјалната Microsoft програма за Web Developer која Семос Едукација ја нуди, е сеопфатна едукативна целина која Ве подготвува за кариера како Web Developer.

Активна кампања за:Линк
Microsoft Web Developer ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Java Developer ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ