Филип Неделковски од лингвист до Java Developer

Филип Неделковски од лингвист до Java Developer

Кратко инфо за тебе

Јас сум Филип Неделковски. Обуката ја завршив со мои неполни 39 години во 2018 год. Првата работа ја добив после две години барање т.е оваа 2020 година.

Од претходно образование имам студирано јазици (германски француски) и сѐ  уште немам дипломирано, а од работно искуство 10 години се занимавам со туристичка дејност како вработен во туристичка агенција, потоа како сопственик на своја туристичка агенција и на крај како free-lancer туристички водич.

Со програмирање започнав да се занимавам со мои 35 години прво како хоби, а после како вистинска пасија и на 40 години конечно  ја добив и мојата прва работа во таа област.

Зошто Семос Едукација?

Постоеше прилика да добијам бесплатна обука преку Агенцијата за вработување. И претходно сум се обидувал но безуспешно поради некои административни причини а многу често и поради моите години кои понекогаш беа причина за моја дискриминација.

Главна причина за посетата на обуката беше запознавање со луѓе од ИТ браншата и остварување  на контакти кои би ми помогнале за понатамошно усовршување и вработување.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

Немам да издвојам некој посебен совет. Она по што ја памтам обуката е мојата менторка Василија Узунова која секогаш за сите мои прашања и проблеми поврзани со јава и програмирање генерално, ми излегуваше во пресрет. И ден денес кога имам потреба од добар совет во врска со мојата кариера и се обраќам на неа.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Ми помогна со тоа што ме воведе во  јава програмскиот јазик.

Кој е најдобриот начин да успееш како ..... (професијата)?

Најважно е да се сака тоа што се работи. Ако има љубов тогаш има и начин и средства.

Каде работиш сега?

Асеко

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Работа на таск. Средби и коминикација со тимот за постоечки проблеми и нивни решенија. Истражување и учење нови технологии. 

Колку е долг процесот на учење за да се стане добар (професијата)?

Зависи од многу фактори дали учиш сам или си дел од тим со тутори. Од мое искуство би рекол околу 3 години,  додека се стекне вештина за работа на реален проект во компанија. После тоа учењето секако продолжува но е со побрз интензитет.

Со кој твој проект посебно се гордееш?

Од една страна таков проект не постои. А од друга страна секоја апликација, функционалност која ја имам искуцано без разлика дали е мала или голема ме има направено многу среќен и горд на самиот себе.

Кога прв пат се сретна со она што денес го работиш?

Пред 5- 6 години.

Од каде црпиш мотивација/инспирација?

Самата работа ми е интересна и со тоа ме мотивира

Кое е твоето лично мото?

Greatness takes time. If a string is in a knot patiance will untie it. Patience can do a lot of things have you ever tried it?

Кои активности најмногу ти помагаат за релаксација по долг напорен ден?

Стој на глава медитација долги прошетки

Каде се гледаш себеси во иднина?

Во однос на моите вештини како senior full stack developer. А во однос на мојата кариера се гледам во неколку опции кои сега не би ги откривал.