Владимир Славковски - HR Академија

Владимир Славковски - HR Академијата ми помогна да го откријам својот потенцијал и да пронајдам кариера која ме исполнува

Во време кога кај компаниите и организациите се зголемува свесноста за тоа колку е важна селекцијата на квалитетни кадри но и за задржување на најдобрите вработени и зголемувањето на нивната лична сатисфакција, потребата за професионалци од областа на Човечки ресурси сè повеќе расте. Македонија е на добар пат во следењето на светските практики на големите корпорации во поглед на отворање HR оддели во компаниите кои играат клучна улога во развојот на компаниите и вработените, нивната организација и динамиката на работење. Потребата од професионалци од доменот на Човечки ресурси се очекува да се зголеми за 20% во наредните осум години што е показател за атрактивноста на оваа професија.

Владимир Славковски, алумни од Академијата за Човечки ресурси на Семос Едукација и Clear View BTC е пример за тоа дека оваа професија е пример за тоа дека посветеноста, постојаното учење и желбата да им се помогне на луѓето се вистинската комбинација за старт на кариера како HR професионалец. Го прашавме за неговото искуство со Академијата и за неговиот кариерен пат по завршувањето на истата.

•  Кажи ни нешто за себе и за професијата HR?

Повеќе години работев retail менаџмент, што подразбира и менаџмент на човечки ресурси и затоа се одлучив да ги усовршам моето знаење и вештини во таа насока, како и мојата кариера. Исто така, како дипломиран социјален работник, сметав дека усовршувањето во доменот на Човечки Ресурси е логичен чекор во надградувањето на моето образование.̋

•  Како изгледа еден работен ден на HR?

Работам во тим за аквизиција на таленти, во компанија со речиси 1000 вработени, така да секој ден е многу динамичен и различен од претходниот. Подразбира комуникација со многу колеги и кандидати за вработување, постојано приоретизирање на задачи и одговорности и многу стратешко размислување за следните чекори во работата.

•  Како Академијата за човечки ресурси ти помогна во секојдевното работење?

Секој ден во работата се среќавам со ситуации каде стекнатото знаење ми се наоѓа од корист, со што многу ми се олеснува работата, најчесто во доменот на правни аспекти, onboarding и employer branding.

•  Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Учењето преку конкретни сценарија, примери и вежби; современата литература и одличната теоретска подготовка; континуираната размена на знаења и искуства со предавачите и останатите слушатели од групите.̋

•  Твое мислење за тоа како напредува HR индустријата во Македонија, а каков е тој напредок во светски размери?

Мое гледиште е дека индустријата во Македонија почнува да го следи напредокот на светско ниво, бидејќи работодавачите сериозно го сфаќаат фактот дека вработените се  најголемата вредност во една организација и дека нејзиниот успех  зависи од тоа колку успешно се менаџираат истите. ̋

•  За крај, што би им порачал на оние кои сакаат да се приклучат на HR Академијата?

Би им се обратил на оние кои работат во доменот на Човечки Ресурси, а сакаат да го надградат своето знаење и вештинии на оние кои се заинтересирани да сменат професија и немаат претходни знаења и искуства во овој домен – да не се двоумат и да се приклучат на HR Академијата; максимално да се посветат на изучување на материјалот што ќе им се презентира, и успехот е неизбежен!̋

Во тек е рана пријава за учество на HR Академијата. Бидете дел од новата 13-та генерација на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси и искористете ја шансата за заштедите 15% од регуларниот износ. Содржините се прилагодени на учесниците. Тие се практични, со индивидуални и тимски задачи, како и дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнис опкружувањето.