Верица Терзиева ПР менаџер

Академијата за дигитален маркетинг нуди искуства од реалниот свет

Првата генерација на Академијата за дигитален маркетинг веќе е на финалниот модул од студиите, а студентите веќе ги применуваат научените вештини и алатки во секојдневната работа. Дигиталниот маркетинг е професија која се развива со огромна брзина и е неопходен за секој бизнис, маркетинг агенција или работа како фриленсер. Една од студентите кои стекнатото знаење од Академијата, секојдневно го применуваат е и Верица Терзиева која работи во ПР одделот во маркетинг агенцијата Идеа Лаб. Со неа поразговаравме за тоа колку е важен дигиталниот маркетинг за маркетинг агенциите, кои вештини најмногу ги применува во секојдневната работа и каков впечаток и остави студирањето на Академијата.

За почеток, кажи ни нешто за себе, која е Верица?

За себе можам да кажам дека сум амбициозна девојка која е спремна за напредок на полето на маркетингот. Студент сум на Економскиот факултет во Скопје, отсек  Маркетинг, остана уште да ја одбранам дипломската и да завршам со тој дел од образованието. J Инаку, вработена сум во ПР и маркетинг агенцијата Идеа Лаб, како ПР менаџер, веќе година и 4 месеци. Работата ми е многу интересна и многу бргу се вклопив во оваа гранка. Нешто што најмногу ми се допаѓа во оваа работа е моментот што секој работен ден е нова приказна и работата не е монотона. Растенијата и цвеќињата ми се едни од омилените работи, на кои им посветувам посебно внимание и љубов, па оваа пасија си ја сметам за хоби. Слободното време сакам да го минувам со семејството  и најблиските пријатели. Најчесто викендите ми се посветени за патување и дружби, но може да се случи и цел викенд да не излезам од дома. J

Како дојде до идеја да се запишеш на Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација?

За Академија за дигитален маркетинг размислував уште од август 2019 година. Тогаш бев многу мотивирана да се запишам на Академија за дигитален маркетинг и да го надополнам знаењето но по долгото истражување, не успеав да го најдам тоа што го барам. Кога дознав дека ќе се отвора таква Академија во Семос Едукација, со нетрпение очекував да се објави програмата за да се запишам. За Академијатата за дигитален маркетинг во Семос Едукација, дознав од колешка на работа, која воедно е и предавач на една од Академиите. Да бидам искрена, вредеше што почекав една година и се запишав на оваа Академија која навистина има одлична и сеопфатна програма, со многу практични примери, а за сето тоа да биде совршено овде се и прекрасните предавачи кои даваат сè од себе за да ни ја доловат реалната слика од дигиталниот маркетинг во реалниот свет.

Колку Академијата ти помогна во секојдевната работа во маркетинг агенција?

Со оглед на тоа што работам како ПР менаџер и голем дел од работата ми е пишување на ПР текстови и соопштенија, она што можам да го применам од Академијата е начинот на пишување, односно како најдобро да се состави еден текст, а истиот да биде привлечен за читање, а за тоа ми помогна делот на Content Marketing. Дополнително, сите стекнати вештини, независно дали тоа е за социјални медиуми, pay-per-click и слично, пробувам да ги применам во работењето, со што им помагам на колегите при креирањето на идеи и стратегии за клиентите. 

Што најмногу ти се допадна на Академијата и кој беше твојот омилен модул?

Академијата во целост е толку добро склопена што секој модул од програмата си е интересен сам за себе. Но доколку треба да одберам омилен модул, би кажала дека делот на SEO – Search Engine Optimization ми беше најинтересен. Секако и другите модули си имаат своја убавина. Google Analytics исто така е многу интересна гранка од дигиталниот маркетинг.

Што би им препорачала на идните студенти на Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација?

Дигиталиот маркетинг е насекаде околу нас па затоа мислам дека оваа професија допрва ќе расте, како кај нас, така и на светскиот пазар. Затоа, не чекајте, запишете сѐ, Семос Едукација и Академијата за дигитален маркетинг нудат знаење и искуство од реалниот свет, а тоа е нешто што најмногу вреди денес.