Во кратки црти... со Атина Рувинова

Во кратки црти... со Атина Рувинова

Атина Рувинова е едно од многуте дечиња кои посетуваат обука во Детскиот Едукативен Центар на Семос Едукација. Она што е специфично за неа е нејзината огромна желба да стекне нови знаења. Таа желба ја водеше Атина секоја сабота да патува од Охрид до Скопје за да учи програмирање во Семос Едукација. И тоа со успех! Нејзините напори многукратно се препознаени како во Македонија така и во странство. Атина е најмладиот учесник на Државните натпревари по информатика во Македонија и тоа како претставник на Семос Едукација. Освоила многу награди на овие натпрeвари и учествувала на повеќе интернационални натпревари и олимпијади по информатика. Сега има 13 години, а одговорите на овие прашања ни ги даде пред 3 години кога имаше само 10 години, а веќе освојуваше награди.

Кое одделение си, каде учиш?

Јас сум Атина Рувинова. Имам 10 години и сум петто одделение, учам во основното училиште "Христо Узунов" Охрид.

Што те мотивира секоја сабота да патуваш од Охрид до Скопје и да посетуваш курсеви во Семос Едукација?

Секоја сабота да патувам од Охрид до Скопје ме мотивира желбата да ги откривам тајните на програмирањето со освојување на нови знаења од областа на  информатиката, и со цел да напредувам.

Како го поминуваш своето слободно време?

Моето слободно време го поминувам во програмирање, цртање на платно, тренирање ракомет и разгледување на едукативни енциклопедии. Обично моето слободно време сакам да го поминам и во решавање на судоку, играње шах, и табла, а и проучување на нови работи на компјутерот.