Интервју со Мирослав Јанески од Nebb

Интервју со Мирослав Јанески од Nebb,
ментор на официјалната летна програма Web Developer by Microsoft

1. Кој е Мирослав Јанески?

Титула: Технички Менаџер за Развој на софтер

Образование: Професионален Докторат во Инженерство, Технички Универзитет во Ајндховен, Холандија

Искуство: 12 години искуство во развој на софтвер: веб и cloud базирани решенија во различни домени: е-влада, телекомуникации, ИоТ, е-образование, итн.

Особен интерес во: cloud архитектури (микросервиси, serverless) и развој на data-driven апликација

2. Зошто сте дел од оваа менторска програма која ја организира Семос Едукација?

Како технолошка компанија, веруваме дека соодветната техничко-технолошка надградба на секој од нас неопходна за успешно да одговориме на секојдневните предизвици. Од тие причини се вклучивме во менторската програма на Семос Едукација со цел да дадеме мал придонес во процесот на формирање на идни кадри. Преку менторската помош сакаме да им помогнеме на кандидатите  да бидат уште поспремни за предизвиците кои ги очекуваат.

3. Што е она што ве издвојува во однос на другите компании?

Работната култура базирана на силни индивидуи кои со својата експертиза секојдневно одговараат на широк дијапазон на предизизвици како и проекти со најнови технологии во комплексни домени е тоа што го прави секојдневнието во Небб групацијата различно и интересно.

4. Кои се бенефитите за учесниците кои ќе бидат вклучени во овие менторски програми?

Работа на предизвици инспирирани од реални проекти во најнови технологии, како и менторство и know-how од нашите најискусни инженери. Кандидатите ќе имаат прилика да почуствуваат како ние ги решаваме проблемите од техничко-технолошки аспект, но и од самиот пристап кон проблемите.

5. Што очекувате од оваа менторска програма и кои се бенефитите за Вас?

Првично очекуваме квалитетно поминато време и добра дружба. Во краток период кандидатите ќе треба да одговорат на задачи во сосема нови технологии за нив, а ние сме тука ги поддржиме. Со нашето вклучување помагаме на заедницата на добие уште подобри кандидати и придонесуваме за поквалитетна и поконкурентна заедница. Ако успееме да го подигнеме нивото на квалитет на заедницата, бенефит ќе имаат сите единки во неа, вклучувајки не и нас.

6. Кои вештини треба да ги поседува потенцијалниот кандидат за пракса или вработување?

Идеалниот кандидат пред се треба да има неизмерна желба да учи и секојдневно да се надградува. Понатаму, кандидатот треба да има одлични “меки” вештини како отворена и чиста комуникација и само рефлексија. Исто така доста битно е потенцијалниот кандидат да има т.н. агилен начин на размислување и решавање на предизвици. Нашата индустрија е толку динамична, што на дневно ниво се менуваат технологиите и најдобрите практики. Од истите причини, нашата можност да се приспособиме на тие промени е клучна за нашиот успех.

 

Доколку си сигурен дека сакаш да ја искористиш оваа можност, не чекај! Аплицирај на следниот линк и обезбеди си ја твојата стипендија пред сите.