Online обуки

Виртуелна училница – online учење без граници

Распоред на Online обуки повеќе

Сите обуки во Семос Едукација во моментов се одвиваат преку виртуелни училници за online.

Online обуки како начин на учење и усовршување на далечина

signal laptops

Семос Едукација има долгогодишно искуство во спроведување на online обуки. Online учењето го прави знаењето многу подостапно, отворајќи одлични можности за побрза и полесна работа, како и за усовршување на посакуваните вештини. Виртуелните училници се современ метод на учење, особено развиен во областа на информатичката технологија.
Преку виртуелни училници, можете да учествувате на обуката за која сте заинтересирани, без оглед на тоа каде се наоѓате. Нашите online обуки ви овозможуваат искуство и придобивки од класичен тренинг, но без физичко доаѓање во Семос Едукација. На овој начин веќе не е потребно да се грижите за транспортот, се елиминира времето што го трошите на патување и заштедувате на време и пари, а притоа не губите од квалитетот на обуката.
Обуката преку виртуелни училници се изведува во живо и вклучува целосна интеракција со тренерот и другите учесници во обуките. На овој начин, не само што ќе имате ист квалитет како и класичниот тренинг, ќе добиете и дополнителни придобивки: виртуелната средина обезбедува нови можности споредено со учење во класична училница, интерактивно тестирање и тестирање на знаење во самиот процес на учење. Корисно, зарем не?

  • Можете да изберете тема која ве интересира и обуката да ја следите online
  • Можете да ја следите обуката од удобноста на вашиот дом или од која било локација по ваш избор.
  • Датумите на одржување на обуката се загарантирани со можност на флексибилно одржување на обуката според барањата на групата.
  • Обуката се одвива во живо со потполна интеракција со тренерот.
  • Нашите тренери имаат завршено посебна обука за одржување на тренинг во виртуелно окружување.
  • Лабовите ви се достапни 24/7 (за IT Pro официјалните курсеви)
  • Потребна ви е само основна опрема – компјутер и интернет конекција

virtual class

Сите обуки кои ги нуди Семос Едукација можете да ги следите и online.

Во моментов имаме повеќе од 300 курсеви од различни области. Дали сакате да следите официјални курсеви како што се: Microsoft, AWS, Cisco, VMware, EC-Council, ISTQB, Unity, Adobe или други IT обуки или курсеви од областа на проектен менаџмент и креативната индустрија (Adobe, Autodesk), тука сме да ве подржиме вас и вашето учење на еден практичен, интересен и иновативен начин.

Сите обуки се одржуваат во работни групи.

Доколку имате прашања, потребна ви е помош при изведба на вежби или дополнителни насоки, тренерот е тука за Вас на ист начин како и во реална училница. Се што е потребно е да поставите прашање и да го послушате советот на нашиот тренер. 

Се плашите од проблеми со конекција, технички проблеми и од тоа дали вашиот софтвер е добар?

Семос Едукација со години одржува обуки во виртуелни околини и ретко доаѓа до технички проблеми. Ги користиме најдобрите и најсигурните технологии за да обезбедиме квалитетно искуство на учење. Сепак, доколку се случи да имате технички проблеми кои вас ви сметаат во следењето на одбраниот курс, нашата IT поддршка ќе биде во секој момент со Вас, како би Ви помогнале при решавање на постоечки проблем и би се осигурале дека Вашата обука тече без какви било препреки.

Минимални потребни квалификации за да можете успешно да следите наша обука се: Windows или Mac компјутер (мин. 4GB RAM), интернет конекција (мин. 1 Mbps ), интернет пребарувач (Google Chrome, Mozzila Firefox, Safari или Internet Explorer) и веб камера. Најголем број од компјутерите имаат вградени микрофони и звучници, но квалитетот на звукот ќе биде значително подобар доколку поседувате headset/handset слушалки и микрофон. Постои можност и да се приклучите и на обуката преку вашиот телефон или таблет (но, доколку обуката вклучува и користење на одредени лабови и вежби, ова нема да биде можно).