Златко Петровски System Engineer

Веке неколку години во соработка со АВРСМ обезбедуваме бесплатни IT обуки за невработени лица за официјалните програми на најпрестижните светски IT брендови. Задоволство ни е да споделиме успешна приказна која е плод на оваа соработка. Златко Петровски ја посети обуката за System Engineer која е дел обуките што ги спроведуваме. Во моментов тој работи како System Engineer во ТАВ Технологии. Кариерниот центар му помогна да ја оствари својата кариерна цел.

Зошто Семос Едукација?

Репутацијата на Семос ми беше позната, иако секако побарав и лично мислење од луѓе кои биле во допир со различните IT курсеви и обуки во Семос, но и воопшто луѓе што работат во IT индустријата. Сертификациите што се достапни се комплетно признаени на меѓународно ниво, и како официјално признати материјали, можат да имаат тежина како една универзитетска диплома, во одредени услови.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

Образованието никогаш не завршува, човек учи додека е жив и секогаш има новитети во кои можеш да се пронајдеш.

Како одлучи да станеш System Engineer?

Многу луѓе не знаат што е Систем Инженер, дури и оние што работат во IT секторите. И јас не знаев сѐ до моментот кога проучив колку е битна позицијата за секој бизнис, дали било микро-претпријатие или конгломерат. Има уникатна синергија од хардвер, софтвер и мрежа, и дел што навлегува и во електротехниката. За луѓе што имаат повеќе интереси, и што сакаат да учат за повеќе поврзани работи одеднаш, е одлична опција.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Во секоја смисла. Обуката е почетна точка, секако практичниот дел е најбитен детал во секој нов предизвик и тој доаѓа за време на целиот ангажман кон одредената професија, но човек мора да има некаква основа.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Наоѓањето работа беше релативно брзо, околу 3 месеци по добивањето на сертификатот. Кариерниот центар беа тие што ми ја предложија тековната работна позиција.

Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?

Колку многу има да се научи, но и брзината за тоа колку лесно истото се учи и разбира.

Каков совет би им дал/а на оние кои моментално бараат работа како System Engineer?

Не се откажувајте, секогаш нека ви биде опција. Има големи бенефити,  како материјални, така и духовни. Никогаш не знаете каде ќе си ја најдете среќата.