Од ракометарка до дизајнер на ентериер

Од ракометарка до дизајнер на ентериер

Поранешната ракометарка Јулија Николиќ по пензионирањето од спортот се насочи во креативната индустрија и претставува пример дека за промена на кариера никогаш не е доцна. Таа својата љубов и идна професија ја пронашла во една од најинтересните и сѐ повеќе бараните професии денес – дизајнер на ентериер.

Ако сте заинтересирани за кариера во областа на внатрешен дизајн, поседувате креативно чувство за комбинирање на различни нешта, но доаѓате од комплетно различна и неповрзана дејност, ова воопшто не треба да ве спречува. Многу водечки дизајнери ја пренасочиле својата кариера со желба да ја развијат својата креативна страна и да станат експерти во една од најинтересните професии на денешницата, а ние имаме и еден одличен пример од Македонија. Се работи за една од најпознатите ракометарки Јулија Николиќ која има играно и за Кометал и ЖРК Вардар, сега е веќе неколку години пензионирана од спортот и својата идна кариера ја има посветено токму на внатрешниот дизајн.

На прашањето што се случи по нејзиното пензионирање од спортот и каде е сега на професионално поле, Јулија вели дека уште пред завршувањето на спортската кариера веќе размислувала со што би се занимавала после ракометот, па силната желба за дизајнирање и големата креативност ја однеле од спортската во креативната индустрија.

“Уште од дете сакав да цртам и да правам рачни изработки. Додека играв ракомет, се заинтересирав за уметнички дела изработени од картон, па почнав да правам 3D слики од хартија. За да можев да ги направам, потребно беше да научам компјутерски програми како што е AutoCad, па одлучив да земам приватни часови. Сѐ повеќе почнав да се интересирам за внатрешниот дизајн, а кога дознав дека постои Академија за внатрешен дизајн во Семос Едукација, без двоумење одлучив да се запишам. На почетокот чувствував малку страв, дали ќе успеам од ракометот да се преориентирам во тотално друга област. Но, со секој посетен час во Семос Академија, сѐ повеќе учам за дизајнот, тука го стекнувам целото потребно знаење, вештини и сертификација. Се воодушевив што сѐ може да се направи со алатките на компјутерските програми. “ – изјави Јулија Николиќ.

Преку Официјалната Autodesk Семос Академија за внатрешен дизајн се стекнуваат теоретски знаења за дизајнирање, планирање на просторот, материјали, практични вежби, како и работење со најмоќните софтверски алатки од палетата на Autodesk и Adobe, со чија помош креативниот процес на дизајнирање е многу поедноставен и темелен, со големи можности за креативност, практичност и оригиналност.

„Би сакала да изразам голема благодарност до сите предавачи од Академијата за внатрешен дизајн. Презадоволна сум од начинот на кој се одвиваат часовите, од материјалите од кои се учи, практичната работа… Кога започнав со часовите, наидов на мали проблеми бидејќи јас сум од Украина и понекогаш се среќавав со зборови и поими кои јазично не ми беа доволно јасни. Со голема помош и разбирање на предавачите од Академијата, таа јазична бариера многу лесно ја надминав. Сакам да споделам и еден совет до читателите: Никогаш немојте да се плашите да се преориентирате од една професија во друга, како што јас направив со дизајнирањето. Ако во душа сте скриен уметник и сакате околу вас сѐ да изгледа стилски и уметнички, тоа значи сте родени за дизајнер, така што дефинитивно треба да поработите на реализирање на тие сонови. “ – додаде Јулија Николиќ.

Јулија вели дека сѐ повеќе дизајнерите кај нас можат да успеат во оваа област:

 „Сметам дека во Македонија сѐ уште не сме на тоа ниво со дизајнот како што е во земјите низ светот, но ме радува што се движиме во добра насока, интересот продолжува да расте со огромна брзина. Исто така, ме радува фактот што денес луѓето сѐ повеке се обраќаат кај дизајнерите да им го дизајнираат просторот, домот, канцеларијата. За да успееш како дизајнер прво треба да си ја сакаш професијата, максимално да се посветиш на неа, да ги пратиш најновите трендови. Секако, без познавања во одредени компјутерски програми, соодветна обука и квалификација, малку е потешко да се успее. Токму затоа, по завршувањето на Семос Академијата за внатрешен дизајн, добиваме 7 меѓународно признаени сертификати кои ќе ни послужат не само во нашата држава туку насекаде во светот. “

Поранешната ракометарка Јулија е само еден од примерите кои својата љубов и идна професија ја пронашле во дизајнот на ентериер, а интересот за оваа професија кај нас расте со огромна брзина, со сѐ повеќе нови и успешни домашни дизајнери.

ДАЛИ САКАШ НИЕ ДА ТЕ НАСОЧИМЕ ВО ТВОЈАТА КАРИЕРА?

Да бидеш уште еден наш успешен студент доволно е да имаш голема желба за учење, компјутер, интернет врска, мало искуство и подготвеност за нова кариера.