ISTQB Advanced level Test Analyst


Аплицирај
Почеток на курсот
22 Апр 2024
Број на часови
24
Цена на курсот
650 ЕУР

Опис на курсот

Овој курс ги опишува сите задачи што еден тест аналитичар мора да знае како да ги имплементира во процесите на тестирање на софтверот. На тој начин, оваа програма ги опишува сите фази од процесот на тестирање на софтверот каде што секој Тест аналитичар треба да ги имплементира своите тактики и техники за да воспостави успешен процес на тестирање. Од овој курс, студентите ќе научат и како да направат разлика помеѓу секоја алатка и автоматизација за тестирање, да ги земат предвид нивните предности и недостатоци и на крајот да одлучат која алатка ќе се имплементира во процесот на тестирање.

За кого е наменет:

  • Софтвер тестери
  • Тест аналисти, тест девелопери и тест менаџери
  • Софтвер девелопери
  • Проектни менаџери, менаџери на квалитет, девелопмент менаџери и економски аналитичари

Содржина на курсот

  • Модул 1: Задачи на Тест Аналитичар во процесот на тестирање
  • Модул 2: Задачи на Тест Аналитичар во тестинг наменет за ризици
  • Модул 3: Техники на тестирање
  • Модул 4: Карактеристики на тестирањето за квалитет на софтвер
  • Модул 5: Преглед на процесот
  • Модул 6: Алатки и автоматизации за тестирање

Лицата кои ќе се сертифицираат за ова ниво:

  • Ќе добијат меѓународно признат сертификат како доказ за експертиза во областа на тестирање на софтвер со спецификација како Тест Аналитичар.
  • Ќе бидат способни да изберат, спроведат и анализираат соодветна процедура за тестирање во зависност од потребите на конкретниот проект.
  • Ќе се стекнат со знаење потребно за согледување на потенцијалните ризици и пронаоѓање на решенија како истите да се надминат.

Лице за контакт за физички лица

Сања Гавриловска
Специјалист за продажба на ISTQB курсевите
+389 75 226 875, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт за компании

Душан Натевски
Специјалист за продажба на ISTQB курсевите
+389 78 441 752, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Задолжително поседување на ISTQB® Certified Tester Foundation Level сертификат.
Потребно е солидно практично искуство и познавање од областа на софтвер тестинг.

Материјали за курсот

Како дел од курсот ќе ги добиете следните материјали:

  • Книга
  • Индивидуални материјали со вежби и решенија
  • Индивидуални испити за вежбање, со решенија

Сертификат: ISTQB® Certified Tester Advanced Level Test Analyst

Испит

ISTQB® Certified Tester Advanced level Test Analyst, во цената на курсот не е вклучен испитот.

Зошто оваа обука?

Студентите ќе ги научат сите потребни информации во врска со целиот процес на тестирање. Тие ќе бидат обучени и ќе бидат подготвени да одговорат на сите предизвици и потешкотии кои ќе се појават во облик на дефекти во целиот процес на тестирање на софтверот. Тие ќе добијат знаење да ги препознаат сите тактики и опции за надминување на овие проблеми, ќе можат да донесуваат одлуки во врска со изборот на алатки и автоматизации кои ќе се користат за време на процесот на тестирање. Низ практични примери и работилници одблиску ќе се сретнат со сите споменати предизвици кои сигурно ќе можат успешно да ги решат.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура