10 причини зошто Game development е добар избор на кариера

10 причини зошто Game development е добар избор на кариера

Разговаравме со Никола Гарабандиќ, инструктор на Unity Game Development Aкадемијата во Семос Едукација – Србија.

Никола Гарабандиќ завршил основни академски студии на Факултетот за Технички науки на отсекот Софтверско инженерство и информациски технологии.

Своите први game development чекори ги направил уште во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин” каде учел да прави игри во C, а подоцна и во Јava. Со Unity почнал професионално да се занимава во 2017 година кога заедно со негов другар ја основале компанијата „Stick & Rope”.  

Од крајот на 2018 година започнува своја фриленсинг кариера каде работи на проекти со странски клиенти. Од средината на 2019 година е ангажиран од страна на M2H i Blackmill Studija (со кои работи и денес) на корекции на багови на игрите кои припаѓаат на франшизата WW1 Game Series, Tannenberg i Verdun , како и на проект на најновите игри на франшизата Isonzo.

1. Што е всушност game development? Како би го објасниле на мало дете, а како на возрасен човек?

Game Development е софистицирана гранка од IT индустријата, која ги поврзува софтверското инженерство и уметноста.

На мало дете ова би му го објаснилe на следниот начин: „Повеќе луѓе кои знаат различни работи се собрале на едно место и изработуваат игра”.

Да се објасни оваа професија на возрасен човек е веќе потешко. Малите деца имаат поголем контакт со технологијата и познат им е тој свет, додека на возрасните не им е толку јасно (со исклучоци). На мојата баба и кажав вака : „Јас седам пред компјутер и нешто куцам, а на екранот нешто ми мрда!” 😊

2. Која е разликата помеѓу Game Development и Game Design?

Овие две никако не можат едно без друго. Game Design е само еден процес во Game Development. Секогаш може да се започне со развивање игри без документ во кој се наоѓа самиот дизајн но всушност е подобро да се има некој основен дизајн како водич. Game Design документот подоцна може да се менува повеќе пати во самиот процес на креирање на играта и тоа често се случува, а особено кога процесот трае со години. Во текот на развивањето на една игра, секој сегмент постојано се тестира и ако на играчот нешто не му функционира како што треба – мора да се менува. Често, финалниот облик на играта може да изгледа потполно различно од она што е првично замислено.

3. Зошто да сакате Game Development, а зошто не?

Мислам дека е подобро да започнам со зошто не. Кога подолго време се занимаваш со оваа професија и сакаш да играш некоја игра, повеќе се занимаваш со анализа на таа игра отколку да уживаш во играњето. Па почнуваш да се прашуваш: Како го направиле ова? Дали и јас би можел да го направам тоа? Како го програмирале? И тоа е всушност вистинското објаснување на „професионални деформации”. Значи, како најголем недостаток би го навел тоа дека сега не можам со уживање да се посветам на играњето игри. Ние тоа го нарекуваме „game developer curse“😊

Од друга страна, убаво е чувството да се креираат игри. Убаво е кога можете да видите како кодот кој сте го напишале се претвора во нешто интересно – да скока, трча, пука итн. Значи, она што најмногу сакам кај Game Development е што гледам конкретен резултат од својата работа и тоа во вид на нешто интерактивно кое има свој живот – а тоа е игра.

4. Дали game development е добар кариерен избор?

Како некој кој се занимава со тоа full time, потврдувам дека од game development може многу убаво да се живее, а посебно во последниве 5-6 години. Потребите на пазарот се навистина големи и постојано се отвораат нови работни места. Буквално е невозможно да се биде невработен, а да се занимавате со game development. Таква е ситуацијата во Србија, побарувачката за Unity game developer-ите не се намалува. Кога гледам огласи за работа, гледам барем неколку отворени огласи за Unity game developer. Платите се добри се разбира, а во иднина можат само да растат.

Индустријата за видео игри моментално „тежи” околу 145 милијарди долари, додека музичката и филмската индустрија ја поминуваат цифрата од 65 милијарди долари, така што дефинитивно би рекол дека game development е одличен кариерен избор!

Исто така, оваа професија може да се работи remote. Јас сум пример за тоа. Две години работам за холандска фирма, а покрај тоа соработувам и со клиенти од Данска и САД.

5. Дали можам самостојно да научам Game Development?

Можам да раскажам како изгледаше моето патешествие.

Во текот на моите средношколски денови се стекнав со доста знаење од основи на програмирањето. По завршување на средното образование, повеќе од 6 месеци заедно со мој другар секој ден пребарувавме на интернет и пробавме да учиме за Game Development. Потоа, во една gaming компанија имавме прилика од прва рака да гледаме како всушност изгледа целиот процес на правање игри. Потоа следеше и факултетот.

Но формалното образование како факултетот не ми даде многу ново знаење во областа на game development туку самостојно продолжив да учам, работам и развивам на тоа поле. Така што мојот одговор е овој: „Возможно е да научиш сам, но тоа е потешкиот пат. Сè што би поминале и пробале да сфатите со месеци и можеби години, можете да го научите за неколку недели со вистински ментор/инструктор.

6. Какво предзнаење е потребно за некој да се занимава со Game Development и колку време е потребно да се совладаат овие вештини?

Сè се учи. Можеме да почнеме од претпоставката дека оној кој сака да биде game developer не знае ништо за програмирање. И можно е таа личност тоа и да стане. Значи, не се потребни никакви специфични предзнаења. На Game Development Академијата може да дојде секој кој сака да се занимава со креирање игри, дури и ако нема никакво претходно знаење. По завршување на академијата ќе има доволно знаење да аплицира за пракса или да креира свое портфолио кое ќе им се допадне на работодавците.

Не постои точна временска рамка, тоа е многу индивидуално. Некој помотивиран и талентиран би можел да совлада многу за само 6 месеци, а некому би му требало и една година, можеби и повеќе.

7. Дали е возможно да се креираат игри без знаење за кодирање и машинство? Кој е најдобриот софтвер?

Теоретски одговорот би бил да. При креирањето игри постојат многу различни позиции кои не се поврзани исклучиво со кодирање или работа со машини. Можеш да бидеш дел од уметноста, да црташ или моделираш, можеш да бидеш продуцент кој води тим, можеш да се занимаваш со музика.

Најдобар софтвер е оној кој знаеш најдобро да го работиш. Јас се одлучив за Unity.

Претходно имав искуство во програмирањето и правев игри исклучиво со помош на графички библиотеки кои беа достапни за некои од програмските јазици (SDL за C++ и LibGDX за Java). И во времето кога размислував за Gaming engine, Unity објави поддршка за правење 2D игри, и од тогаш Unity и јас речиси секојдневно се дружиме.

8. Дали е тешко да се стекне сертификат за Unity Professional Programmer?

Би рекол дека не е тешко но од моето искуство од испитите, практичниот дел е многу важен. Доколку имате неколкугодишно искуство во развивање апликации во Unity, сигурен сум дека лесно ќе го положите испитот.

9. Дали game development може да биде хоби?

Може да биде, но не е лесно. Еден мој колега за Game Development рече дека тоа е високо интелигентна и креативна работа. Тоа е дефинитивно точно, затоа што после 8 часа работа на некоја игра, навистина сум исцрпен и тешко дека би можел да работам било што друго.

10. Како изгледа твојот работен ден?

Секој ден е различен од претходниот. На работа моментално имаме некој план на неделно ниво. На пример, во вторник го изработуваме интерниот play test, секој втор четврток alfa тестирање, а понеделник е резервиран за состаноци. Во суштина, сè се сведува на многу програмирање и многу комуникација со колегите. Она што можам со сигурност да го кажам е дека работата во game development никогаш не е досадна и монотона.

Те интересира кариера како game developer?

Погледни ја нашата Unity Академија за Game Development која ќе ти овозможи сè што ти е потребно да започнеш успешна кариера во гејминг индустријата.