Cisco Network Engineer или мрежен инженер

Cisco Network Engineer или мрежен инженер

Главниот херој во секоја работна организација денес

Кога би требало да наброите три главни епитети што го опишуваат современиот кариерен стил, кои би биле тие? Што велите за минливост, променливост и адаптација? Професиите си доаѓаат и и си одат, но и кога ќе пуштат корен, тогаш па нам ќе ни здодее. Условите за работа се променлива категорија, па личниот успех сѐ повеќе почна да се мери од нашата брза адаптација на истите.

И истражувањата го тврдат истото, новите генерации нема да се пензионираат во фирмите во кои се вработиле по завршување на образованието. Со едни колеги ќе прославите магистрирање, а со други докторирање. Всушност статистиките велат дека луѓето во својот животен век ќе сменат минимум 5 работни места и 2 професии.

И кога на ваквата атмосфера ќе го додадеме Ковид-19, на пазарот на трудот, меѓу другото, почна да царува чувство на несигурност. Затоа, не судете си престрого ако деновиве ви е тешко да проектирате иднина за себеси.

Но, решение има! И тоа и за оние кои се чувствителни на промени и својата самодоверба ја црпат од константноста на нештата. Станува збор за професијата Cisco Network Engineer или мрежен инженер, чија побарувачка бележи нагорен тренд поради нејзината неопходност во речиси сите работни организации.

Можете ли да замислите работна средина без компјутери кои комуницираат во совршена симбиоза? Секако дека не! За таа совршена симбиоза се грижи токму мрежниот инженер – клучна алка за беспрекорен и непречен тек на работата.

ПРИМЕР ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО...

Чедо Коцев, 25 години, потекнува од село близу Кочани каде го завршува своето средно гимназиско образование. Денес, живее во Скопје и работи во агенција за обезбедување.

Размислувајќи во насока на подобрување на својата иднина, одлучува да посети курс во Семос Едукација токму за Cisco Network Engineer.

„Cisco е светски реномиран бренд во областа на компјутерските мрежи и тоа ќе ми отвори многу врати за идно вработување,“ вели Чедо, кој во моментов се подготвува за полагање на официјалниот испит преку кој ќе се стекне со светски признат сертификат.

„Многу сум задоволен од обуката во Семос Едукација, материјалот беше доста интересен. Многу научив, тоа ми го овозможи Марко со неговото искуство како едукатор. Сѐ беше на високо ниво,“ ни потврди Чедо.

ШТО ТОЧНО ПОДРАЗБИРА ПРОФЕСИЈАТА?

Замислете си дека вие сте главниот пајак, сместен во центарот на пајажината, одговорен за цела нејзина инфраструктура. Секој нејзин раб треба да биде беспрекорно оптегнат и здрав. Истовремено, треба да водите сметка бубачките однадвор да не ја загрозат нејзината функционалност за ловење, по можност, вие да ги уловите пред време.

По оваа аналогија, мрежниот инженер е срцевината на едно јадро. Неговата титула можеби не е звучна како онаа на програмерот, но неговата улога секако е најклучна, а заработувачката скоро иста.

„Cisco Network Engineer е професија поврзана со компјутерски мрежи, нивно инсталирање, подесување, одржување и сервис. Личноста, која би се вработила со оваа професија, е задолжена да знае колку уреди има поврзано на одредена мрежа, кои уреди, како функционираат меѓу себе, и да го мониторира сообраќајот помеѓу нив. Работа може да се најде буквално секаде. Зошто денес, секоја втора компанија има потреба од вмрежување на десеттина или повеќе уреди,“ појаснува Чедо.

ДАЛИ ОВАА ПРОФЕСИЈА Е ЗА МЕНЕ?

Квалификации и предзнаења не се потребни. Што се однесува до Семос Едукација, доволно е само да знаете каде е power копчето на компјутерот. Но, она што треба вашиот карактер да го поседува е љубопитност, трпеливост и друштвеност.

Оваа професија не е скроена за оние кои милуваат да работата во изолација, туку за оние кои саакаат динамичен ден, комуникација со вработените, трпение да поднесат сечиј карактер и трепение да го откријат и решат проблем со мрежата што ја создале.

Едно е сигурно, секој актуелен и некогашен мрежен инженер, потајно е идеален менаџер за човечки ресурси. Личност која секогаш знае да ја види поголемата слика.

Неопходноста. Едноставно не може да се замисли функционирање на еден систем без добра мрежна инфраструктура. Доколку нема интернет, програмерите не можат да работат на околини кои не се во локална мрежа. Доколку не функционира локалната мрежа нема да можат да се остваруваат исполнуваат секојдневните обврски. Компанијата мора да има стручни луѓе кои ќе ја “бранат и хранат” мрежата.

Cisco официјални обуки повеќе за обуките