BI Консалтинг

BI & Data Analytics Консалтинг

Вашите податоци имаат да ви кажат вредна приказна.
Дозволете ни да ви помогнеме да ја откриете таа приказна.

25 години им помагаме на нашите клиенти преку споделување на нашето знаење и обука на нивните вработени. Во 2020 година, воведовме нова услуга, со цел да им помогнеме на нашите клиенти на поинаков начин – да им понудиме нова услуга BI and Data Analytics консултантски услуги. 

Во денешно време, податоците претставуваат моќна алатка за успехот на еден бизнис. Без разлика на тоа дали сакате да го подобрите процесот на донесување на одлуки базиран на податоци или едноставно сакате да ги мерите перформансите на вашето работење, користењето на вашите податоци може да има големо влијание врз вашиот бизнис на тој начин шт ќе го промени вашето работење како и начинот на донесување на одлуки. Нашите BI and Data Analysis консултантски услуги ќе ви помогнат да го извлешете најважното нешто што вашите одатоци го кријат – знаењето, да ги интегрирате податоците во Data Warehouse и да добиете вредни информации, преку интерактивни interactive контролни прегледи, со користење на Микрософт алатките како што се Power BI, MS Excel, SQL Server, SSAS, SSIS, SSRS, SQL Azure и многу други.

Нашите консултанти имаат повеќе од 18 години искуство во оваа област и имаат работено на голем број интернационални проекти.

Услуги кои ги нудиме:

Услуга
Анализа на податоци и креирање на извештаи
Интеграција на податоци
Визуелизација на податоци
BI Контролни прегледи - Dashboards

Како ние работиме:

#Опис
Чекор 1: Иницијален разговор Во оваа сесија нашите консултанти ќе ги слушнат вашите барања и ќе ви предложат решение кое во целост ќе ги задоволи истите.
Чекор 2: Планирање и проценка на проектот Во зависност од Вашите барања, нашите Microsoft Certified Data Analyst консултанти ќе направат увид на Вашата постоечка околина, и ќе подготват извештај во кој ќе бидат наведени елементите со кои ќе се подобри вашето работење.
Чекор 3: Извршување на проектот Нашите консултанти ќе го започнат проектот во согласност со дефинираната временска рамка.
Чекор 4: Прифаќање на решението По изработката и успешното тестирање на решенито, консултантите ќе подготват документ за прифаќање на истото и ќе го постават во продукциска околина.
Чекор 5: Обука Ова е завршниот чекор, кога консултантите ќе организираат обука за вашиот тим, со цел да бидат подготвени да го одржуваат решението како и да можат самостојно да прават промени во иднина.

Financial report

KPI report

Лице за контакт

Зоран Кимов
Microsoft Certified Trainer, MCSA: BI Reporting, Microsoft Power Platform
+389 76 224 476, секој работен ден 9:00-17:00