Тестинг центар

Certiport Authorized Testing Center (CATC)

Со Certiport Authorized Testing Center (CATC) Семос Едукција нуди Certiport сертификати, како и администрирање на испитите.
Certiport е светски лидер во испорака на официјални испити и решенија со практични тестови, наменети за академските пазари, работната сила и конкурентните пазари во техниката.
Производите на Certiport се испорачуваат низ мрежа од повеќе од 14.000 партнери - Certiport Authorized Training Centers во 148 земји во светот на 26 јазици.
Овие сертификати се стандард за академска подготвеност и спремност на работната сила, овозможувајќи на индивидуалците со различна стручна квалификација да ги потврдат вештините потребни во денешниот конкурентен свет, воден од брзиот развој на технологијата.

Сертифицирајте се и станете експерти во областа во која работите!

Лице за контакт

Дејан Кумпаниоски
Тест Центар Администратор
+389 75 478 070, секој работен ден 9:00-17:00

Pearson VUE Testing Center

Семос Едукација е авторизиран Pearson VUE Testing Center во Македонија, каде кандидатите може да го тестираат своето знаење и да се здобијат со сертификати на повеќе од 100 светски познати брендови.
Испитите се спроведуваат во нашиот Тестинг центар кој е дизајниран според строгите правила на VUE Testing Center, кандидатите се надгледувани и бројот на испити што можат да се испорачаат на дневна основа е ограничен.

Термини

Тестинг центарот е отворен за спроведување на испити од вторник до петок во термини од 10 до 17 часот. 

Во 2017 година 1.182 испити беа спроведени во Тестинг Центарот.