Мери Поповска економист во HR (Човечки ресурси)

HR Академијата ми помогна во унапредување на својот развој и кариера, а со тоа развој на човечки ресурси во рамки на компанијата.

За да професионалците станат професионалци потребно е да добијаат соодветна теоретска и ПРАКТИЧНА припрема за вистинските предизвици со кои што се соочуваат HR професионалците во нашата земја, па и во светот.

Мери Поповска е Aлумни од HR Академијата на Семос Едукација која што на патеката на неизбежното ‘барање’ на сама себе со своите предиспозиции како економист со пасија за психологија, се пронајде во HR (Човечки ресурси).  

„Знаењето кое ќе го добиете е неспоредливо бидејќи е заснована на вистински искуства и практики“ – вели Мери за HR Академијата.

Прочитајте го ова интервју со кафето кое што не стасавте денес да го испиете.

Кажи ни нешто за себе и зошто се одлучи за човечки ресурси?

Јас сум Мери Поповска, економист со ентузијазам за психологија. По неизбежното ‘барање’ на сама себе во студентските денови, и посета на повеќе практични работи од различни полиња, неочекувано си го најдов своето место на ова тло.

Човечки ресурси претставува збирка од повеќе интереси и најпосле воочив дека тоа множество има име. HR му е потребен на работникот и бизнис светот, а наша задача е да ги идентификуваме потребите и да одговориме на најпрецизен и најефикасен начин во согласност со законските регулативи. Се разбира, неизбежна е непристрасност и доверливост бидејќи работиме со чувствителни податоци (мала победа е првата успешно ’одиграна’ организација на -се разбира тајно- интервју на отворено надвор од простории на компанијата J).

Како изгледа еден работен ден на HR?

Секако започнува со кафе. Многу кафе. J Секој поинаков од претходниот, но секогаш динамичен. Нормално, настаните зависат од индустрија и период. Генерално би рекла регрутација, вовед на вработени, изработка на плата, реализација на обуки и евалуации, грижа за компаниска култура, оној помалку возбудлив административен дел итн.

Како Академијата за човечки ресурси ти помогна во секојдевното работење?

Се запишав на HR Академијата во право време на вистинско место. Во моментот кога аплицирав, бев единствен вработен во одделот за човечки ресурси во компанијата каде работам. Академијата ми даде поткрепа и ми ги прошири хоризонтите. Од почетокот на академијата наваму, барем еднаш се имам навратено на секој час, пример или вежба. Ми помогна во унапредување на својот развој и кариера, а со тоа развој на човечки ресурси во рамки на компанијата.

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

  • Учење преку практични примери;
  • Разновидните искуства на менторите и останатите слушатели кои се особено корисни бидејќи сите доаѓаме од различна индустрија и средина;
  • Кафе паузите кои ни служеа да си докажеме се што инаку не сме успеале;

Како напредува HR индустријата во Македонија, а каков е тој напредок во светски размери, твое мислење?

Мојот впечаток е дека човечки ресурси е сè повеќе развиена гранка во Македонија. Голем број професионалци сакаат да се вклучат во човечки ресурси. Вложуваме време и труд во обуки, меѓу нив и Академијата за Човечки ресурси.

Покрај тоа, работодавачите се сè повеќе свесни за важноста на работникот за една организација. Разбираат дека HR е функција која помага во градење однос меѓу работодавач-работник и им помага на организациите да ги препознаат нивните недостатоци, да реагираат и создадат добра работна средина.  

За крај, што би им порачал/a на оние кои сакаат да се приклучат на HR Академија?

Би им порачала посветеност и спремност да испишат цела тетратка.  Академијата за Човечки ресурси на Семос Едукација е Академијa која ќе ве натера да размислувате. Знаењето кое ќе го добиете е неспоредливо бидејќи е заснована на вистински искуства и практики.

Среќно!