Microsoft Partner of the Year

Microsoft 2020 Learning Partner of the Year
Значајна награда за Семос Едукација како дел од LLPA

На 13 јули 2020 година, LLPA објави дека ја освои наградата Microsoft 2020 Learning Partner of the Year. Во конкуренција со врвни партнери на Microsoft, на светско ниво, LLPA ја освои наградата за демонстрација на извонредност во иновациите и имплементација на решенија за клиенти засновани на технологијата на Microsoft.

Семос Едукација е горд член на LLPA (Leading Learning Partner Association) уште од првиот ден на основањето.

"Горди сме што влијаевме на повеќе од 100,000 индивидуалци да ја изберат можноста и да ги надоградат своите Azure вештини на следно ниво. Заедно со нашите 32 водечки членови во едукацијата поттикнавме илјадници професионалци и бизниси да ја започнат својата приказна кон дигиталната трансформација и да бидат подготвени за иднината. Оваа награда се должи на напорната работа и големата посветеност на нашата организација во соработка со Microsoft за да им помогнеме на сите наши клиенти и партнери да имаат успешни резултати во своите бизниси." - изјави Патрик Керстен, претседател на одборот на LLPA.

Наградите партнер на годината на Microsoft ги опфаќа сите Microsfot партнери кои развиле и испорачале решенија базирани на Microsoft во текот на изминатата година. Наградите беа класифицирани во неколку категории, што го одвојува победникот од повеќе од 3.300 поднесени номинации, од повеќе од 100 земји во светот. LLPA беше призната за развој на извонредни програми за учење ширум светот.

"Огромна чест е да ги прогласам победниците и финалистите на Microsoft Partner of the Year наградите на 2020 година."  - изјави Гавриела Шустер, потпретседател и трговски партнер на Microsoft. „Овие партнери одат над и подалеку, испорачувајќи навремени решенија со кои се решаваат сложените предизвици со кои се соочуваат деловните активности низ целиот свет - од комуникација и соработка виртуелно, до помагање на клиентите да го реализираат својот целосен потенцијал со услугите на Azure cloud services. Честитам на секој победник и финалист.”