Марјан Алексовски - денес успешен претприемач

Марјан Алексовски - денес успешен претприемач

„Семос едукација“ беше голем скок во мојата кариера

Марјан Алексовски еден од основачите на сајтовите fakulteti.mk, deca.mk и продукцијата Светот на Биби беше наш слушател

Претставете ни се...
Марјан Алексовски, еден од основачите на веб-порталите fakulteti.mk и deca.mk и на продукцијата „Светот на Биби“

Зошто „Семос едукација“?
Почетокот на 21 век беше голем предизвик за сите, време во кое се случија многу промени, време на технолошки бум и може да се каже почеток на интернет-комуникацијата, а со тоа и компјутерската технологија почна да зема голем замав низ целиот свет. Во тоа време единствен центар за обука и сертифициран центар за програмата Windows беше „Семос“. Без размислување се пријавив да ги посетувам часовите за MCSA (Microsoft Certified System Administrator). Знаев дека нема да згрешам и дека тоа е можеби најдобриот начин да направам надградба на знаењето што го имав, а и да се стекнам со валиден сертификат кој е признаен низ целиот свет.

Кој е најдобриот совет што сте го слушнале во „Семос едукација“ и дали им го пренесувате на други?

Имаше многу интересни совети, имавме доста интересна група што ги посетуваше часовите. Предавачите беа со искуство и навистина имаше што да се слушне. Од сето тоа заклучив дека тимското учење, особено во ИТ-секторот, е незаменливо.

Колку обуката во „Семос едукација“ Ви помогна во тоа што го работите денес?

Додека учев во „Семос“, паралелно работев во една компанија како одржувач на компјутерски системи. Од 08:00 до 16:00 бев на работа, а веднаш по работата одев на часови во „Семос“. Иако беше напорно, ми беше голем предизвик. Дефинитивно „Семос едукација“ беше голем скок во мојата кариера.

Кои вештини ги добивте на обуката во „Семос едукација“, а кои ги користите во секојдневната работа?

Она што денес е важно е т.н. информатичка хигиена, односно дека треба секојдневно да се грижиме за цела ИТ-инфраструктура што нè опкружува и од која зависиме и ние како поединци, но и тимот со кој работиме или вработените во компанијата.
Најважната, администрација на информатички системи, односно сервери и мрежа.

Кој совет би им го дале на оние што размислуваат да се запишат на обука во „Семос едукација“?

Не размислувајте и не пропуштајте ја можноста да напредувате во кариерата. Инвестицијата во вашето образование преку „Семос едукација“ е инвестиција која ќе ви се врати многукратно и ќе ви отвори многу врати.

Кој е најдобриот начин да успееш како систем-инженер?

Нема некој рецепт за тоа како да успееш во кариерата. Секој индивидуално треба да го измери патот по кој се движи. Секогаш се потребни упорност и пожртвуваност за да се успее.
Ако сакаш, можеш.

Кои карактеристики треба да ги поседува еден успешен систем-инженер?

Најважното - да биде тимски играч. Да бидеш дел од вработените кога треба и да бидеш нивен лидер цело време.

Колку е долг процесот на учење за да се стане добар систем-инженер?

Процесот на учење никогаш не престанува. Ако сакаш да бидеш успешен и да бидеш во тек со новите технологии, треба да учиш цел живот.

Каде работите сега?

ЕФ-ТРИ и „Светот на Биби“, двете компании во кои сум косопственик.

Кажете ни повеќе за Вашиот работен распоред?

Едноставен распоред. Одам на работа секој ден, имам флексибилно работно време, вклучен сум во целокупната организација, планирање и менаџирање на сите процеси.

Со кои предизвици се соочувате во Вашата професија?

Моментално најголем предизвик ми е како да се промени целокупниот процес на образование во Македонија.

Дали можете да споделите некоја интересна анегдота или убав спомен од деновите поминати во „Семос едукација“?

Не ми текнува, одамна беше 😊

Со кој Ваш проект особено се гордеете?

Со „Светот на Биби“.

Кога првпат се сретнавте со она што го работите денес?

Моментално она што го работам не е поврзано со она што сум го работел порано.

Од каде црпите мотивација/инспирација?

Од децата.

Кое е Вашето лично мото?

Немам мото 😊 Интересно ми е она дека нема да имаш втора можност да оставиш прв добар впечаток.

Како ги балансирате приватниот и деловниот живот?

На работа максимум до 17 часот, а потоа дома со децата

Кои активности најмногу Ви помагаат да се релаксирате по долг напорен ден?

Да си играм со децата, односно да поминувам време со моите деца.

Каде се гледате во иднина?

Не размислувам многу за иднината. Сегашноста е таа што ни дава енергија за иднината да ја изградиме како што треба.

ПОВЕЌЕ ЗА MICROSOFT CERTIFIED SYSTEM ADMINISTRATOR