Стефан Ристевски - Типичен ден на еден Web Developer

Стефан Ристевски - Кафе, кодирање и состаноци
Типичен ден на еден Web Developer

Претстави ни се...

Јас сум Стефан Ристовски. Своето образование го стекав при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, каде што се стекнав со титулата дипломиран инженер по информатички технологии.

По завршувањето на моите студии се вработив во компанијата СЕМОС како Junior software developer. Денес после скоро 3 години, голема посветеност во работењето и професионално усовршување, мојата позиција прерасна во Senior Software Engineer.

Колку летната менторска програма за Web Developer во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

По посетување на летната менторска програма во Семос едукативниот центар и по успешно завршување, се стекнав со дополнително знаење, вештини и насоки кои се фокусирани на технологиите за кои ќе се одлучите.

Кои вештини ги доби на обуката во Семос Едукација а кои ги користиш во секојдневната работа?

Освен придобивките на програмирање во различни програмски јазици како C#, Java...кои ги користиме секојдневно, праксата на реални проекти која е дел од курсевите беше од голема помош. Тука се и курсевите за организирање и менаџиеање на проекти како SCRUM методологијата по која се работи во најголем дел од компаниите.

Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Почнува со кафе тоа сум сигурен. Остатокот од денот се кодирање, проектирање, организациони состаноци, мејлови и една пауза за ручек.

Со кои предизвици се соочуваш во твојата професија?

Предизвиците во оваа како и во сите други професии се секојдневно присутни.
Работењето истовремено на големи проекти за повеќе компании кои се од различна дејност, бара брзо и темелно запознавање и разбирање на процеси на работење кои се надвор од твојата област. Сепак предизвиците се позитивна работа без кои нема напредок и истите се добредојдени.

Со кој твој проект посебно се гордееш?

Тешко прашање, убаво е чуството кога успешно ќе завршите некој голем проект и истиот ќе се пушти во продукција. После доаѓа одржувањето али тоа е друга приказна. Еве ако мора да одвојам од завршените би ги одвоил банкарските мобилни апликации за Македонија и странство, а од тековните софтверот за обработка на штети за осигурителни компании.

Кое е твоето лично мото?

Добра комбинација се дисциплина и напорна работа, мислам дека ако ги поседуваш овие две особини можеш да постигнеш многу како на професионален така и на приватен план.

ПОВЕЌЕ ЗА MICROSOFT WEB DEVELOPER