Кои се најновите, најплатените професии во АИ?

Кои се најновите, најплатените професии во АИ?

Секоја нова технологија и секој нов изум влијаат на начинот на кој работните обврски се извршуваат. Всушност тоа е и целта на технологијата, да го унапредуваат и олеснуваат секојдневниот живот, а тој секако ги вклучува и работните обврски. Вештачката интелигенција е една од последните новости и најшироко применлива, како во секојдневието така и во работата. Уште повеќе, таа отвора голем број на работни можности во ИТ светот кои се добро платени. Доколку си заинтересиран својата кариера да ја насочиш кон вештачка интелигенција, твојата идна професија можеш да ја одбереш од следните:

  • AI Cloud Architect

Оваа професија веројатно ќе биде една од најбараните и добро платени затоа што побарувачката за cloud architects се уште не е задоволена, а специјализацијата за вештачка интелигенција е уште побарана. Професионалците во ова поле се првично cloud архитекти кои разбираат како функционираат системите на вештачката интелигенција, a можат да направат спој од двете области така што ќе ги надополнат веќе-постоечките cloud системи со техники од АИ.

  • AI Data Engineer/ Data Scientist

Data scientists, engineers и analysts се занимаваат со преработка на податоци од која влечат заклучоци за минатото и прават пресметки за иднината. Денес постојат голем дел на програми и алатки со кои може да се работи оваа професија, а се што е потребно е да научитe како функционира обработката, како се модификуваат алгоритмите кои ја вршат истата и да имате статистичко разбирање. Побарувачката за data scientists расте 29% годишно, а од 2013 се има зголемено за 344%!

  • AI Model Curator

Доколку работиш во оперативен тим, фокусот ти е на оптимизирање бизнис активности или си раководител, тогаш своето стручно знаење можеш да го надградиш и да станеш AI model curator. AI model curators се луѓе кои ги одредуваат вистинските АИ модели за специфичните барања на фирмата. Тоа значи дека тие имаат длабоко разбирање за вештачка интелигенција и нејзините употреби, а се секогаш во тек со новостите и алатките кои можат да ги применат другите тимови со кои работат.

  • Business Development Manager/ AI Business Strategist

Еден ниво над AI model curator е бизнис стратег. Тоа што го прави AI model curator, стратегот го прави на ниво на целата фирма и додека model curator работи на оптимизирање на процесите во фирмата, стратегот работи на проширување на фирмата и зголемување на портфолиото. За да започнеш кариера во оваа професија, потребно е да си вешт во водење бизнис, да имаш целосно познавање за примените на АИ и да пронаоѓаш креативни начини како да ја унапредиш својата фирма. Платата за оваа професија може да достигне и 250,000$ на годишно ниво!

  • Data Base Manager

Раководител на дата бази е човекот кој се грижи за креирање и одржување на системите во организацијата кои се користат за чување на сите податоци. Овие бази се приспособени за потребите на бизнисот и во зависност од тоа може да чуваат различни податоци. Што всушност прави раководителот на бази за податоци e организација на податоците, ажурирање на каналите од кои доаѓаат и евалуација на капацитетите за нивно чување и проследување.

  • AI Ethicist

Доколку сакаш да работиш со вештачка интелигенција, но твоите досегашни интереси и занимање не се во IT, има можности и за тебе! АИ етичар е улога која го тестира и ажурира АИ моделот според етички и морални стандарди. Задачата е да се воочуваат различни дискриминирачки грешки и нефер, стереотипно, пристрасно однесување на АИ софтверот како и нивна модификација. Оваа позиција подразбира и евалуација на потенцијалното влијание кое може да го има АИ софтверот и грижа за безбедност и приватност на корисниците.

  • Machine Learning Engineer

Инженер за машинско учење има искуство во креирање на алгоритми за машинско учење кои можат да анализираат големи бази на податоци за да прават пресметки за иднината. Оваа професија опфаќа дизајнирање, создавање, развивање и имплементирање на софистицирани алгоритми основани на математички пресметки. За започнување на оваа кариера потребно е добро познавање на програмски јазици. Инженерите по машинско учење соработуваат со софтверските инженери и data scientists.    

  • Computer Vision Engineer

За компјутерите да разбираат и интерпретираат визуелни податоци, инженерите за компјутерска визија спроведуваат специјални техники во софтверот за вештачка интелигенција. Тоа подразбира различни тактики за препознавање и категоризација на фотографии, филмови и блиска соработка со останатите инженери. Исто како и инженер за машинско учење, ова е многу напредна професија, па затоа и една од најплатените.

  • AI Product Manager

Раководителска позиција во тим кој создава АИ софтвер за други компании. Луѓето кои се на оваа позиција потребно е да имаат широко познавање на вештачката интелигенција за да можат за секој бизнис проблем на клиентите да најдат АИ решение. Тие се водечките мислители во процесот на определување на точното решение за секоја пригода и потоа се организатори на останатите во тимот. Освен тоа треба да се во тек и со новостите во АИ светот за да можат да ги унапредуваат претходните решенија.

  • Big Data Architect/ Engineer

Секојдневно во светот се создаваат 2.5 милиони кубни бити податоци, тоа е број со 19 цифри! Над 90% од бизнисите директно или индиректно инвестираат во Big Data и АИ за тие да извлечат значајни заклучоци од толку многу податоци. Секој маркетинг тим, тим за продажба, анкета за задоволство на клиенти и слично се потпира на овој софтвер за определување на релевантните податоци од планината на информации. Архитектите и инженерите за Big Data (огромни податочни бази) се фокусираат на процесите за поедноставување на огромните количини информации.

  • Information Systems Security Specialist/Engineer/Manager

Последна, но една од најважните на листата е улогата на специјалистите, инженерите и раководителите за безбедност во ИТ. Безбедноста е најбитна во секој систем каде се обработуваат реални податоци на личности и фирми за да се заштитат сите вклучени страни. Образованието за оваа струка е сеопфатно и никогаш не завршува, но бидејќи дејноста „спасува“ од огромен број проблеми, специјалистите и инженерите за безбедност во ИТ се едни од најплатените ИТ професии на пазарот. Квалитетен кадар за одржување на безбедносни системи секогаш ќе биде во побарувачка бидејќи АИ решенијата отвораат деликатни прашања за пристапот на податоци. 

Некоја од овие професии те заинтересира? Започни ја својата кариера со академијата за вештачка интелигенција во Семос Едукација и искористи ја твојата шанса да се вработиш во домашна или странска компанија каде просечните плати се како овие подолу:

ПрофесијаГерманијаФранцијаОбединетото
Кралство
ШвајцаријаНорвешка
Data Scientist 60.600 € 49.500 € 48.449 £ 101.730 ₣ 698.234 kr
Machine Learning Engineer 60.300 € 50.650 € 58.819 £ 98.340 ₣ 723.376 kr
Computer Vision Engineer 63.040 € 45.166 € 49.336 £ 91.370 ₣ 672.000 kr
Cloud Architect 80.000 € 61.765 € 81.155 £ 142.475 ₣ 876.189 kr
Data Architect 87.164 € 69.292 € 78.713 £ 119.970 ₣ 864.868 kr
Data Base Administrator 57.164 € 46.670 € 38.233 £ 109.597 ₣ 810.334 kr
Information Security Analyst 60.532 € 50.230 € 46.311 £ 102.251 ₣ 714.707 kr
Product Owner 65.900 € 49.300 € 52.240 £ 115.708 ₣ 698.230 kr

*Прикажаните плати се во соодветната валута на државата и претставуваат просечна плата за позицијата без вклучени бонуси и награди. Платите подлежат на промени во зависност од нивото на специјализираност и побарувачката.

Извори: