Новости Листа

Конкурс за стипендија на тема „ S.O.S … _ _ _ … “

Петта година по ред како Семос Академијата спонзорира бесплатни школувања на млади талентирани лица, за кои оваа година ќе додели вкупно 4 стипендии (2 целосни + 2 делумни) за две категории во вкупен износ од 7.100 ЕУР.

Новиот конкурс за стипендија е отворен на ден 06.02.2019 и ќе трае 10 недели.

Темата на конкурсот е „ S.O.S … _ _ _ … “ и се однесува за академската 2019/20 година за двете стручни едногодишни програми: Графички дизајн и Веб дизајн.


На конкурсот може да аплицираат сите лица на возраст над 18 години кои можат да почнат со настава во септември 2019 година.


Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн. Пријавата мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија, а со самото учество кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила пропишани во Семос Едукација.

Одлучете се за која категорија ќе аплицирате. На следните линкови имате повеќе информации за конкурсот.

Конкурс за стипендија за категорија: Графички дизајн

Конкурс за стипендија за категорија: Веб дизајн