Новости Листа

ЛЕТНИ МЕНТОРСКИ ПРОГРАМИ

Семос Едукација и оваа година во соработка со неколку компании креира 6 различни менторски програми за обучување во најбараните ИТ и креативни области, и тоа: Microsoft и Cisco Летна IT Школа во кои се вклучени стипендии до 1640 €, Adobe менторска програма за графички дизајн; менторска програма за фотографија; Autodesk официјална менторска програма и програма за MERN full stack developer.

Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација, стипендии и специјални попусти од официјалните вендори Microsoft, Cisco, Adobe и Autodesk, и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од соодветна компанија, а најдобрите ќе добијат можност за пракса и вработување во компанијата.

  • Со Adobe менторска програма за графички дизајн, слушателите ќе стекнат вештини за дизајнирање на илустрации, манипулација на фотографии, со што ќе се обучат за една од најбараните професии во областа на графичкиот дизајн. Менторската програма за графички дизајн ќе помогне слушателите да ги научат сите фази во процесот на дизајнирање, како и техниките на работа во софтверите Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Практичниот дел слушателите ќе го совладаат преку реален проект под менторство на претставници од маркетинг агенцијата Division.
    Пријавете се на следниот линк.
  • Со Летната менторска програма за MERN full stack developer, студентите ќе станат fullstack developer и ќе учествуваат во развивање на скалабилни автоматизирани системи во областа на blockchain, FinTech, InsurTech, човечки ресурси, Healthcare, образование, итн. Во текот на менторската програма слушателите ќе имаат можност да работат на реални проекти под менторство на претставник од ИТ компанијата Inplayer.
    Отворен ден 18.06.2018. Пријавете се на следниот линк.

  • Преку Летната менторска програма за фотографија, слушателите ќе стекнат вештини за фотографирање, едитирање и манипулација на фотографии и ќе бидат подготвени за најбараните професии Фотограф и Уредник на фотографија. Практичниот дел студентите ќе го совладаат преку реални проекти кои ќе ги работат на терен и во студио, заедно со компаниите Perfect и Аngelovski Photography.Отворен ден 25.06.2018.
    Пријавете се на следниот линк.
  • Со Летната Autodek менторска програма  слушателите за само 2 месеци ќе имаат можност да стекнат ги совладаат најпопуларните софтверски апликации AutoCAD, 3DS Max & V-ray и Photoshop. Во текот на менторската програма слушателите ќе работат на реални проекти под менторство на претставник од студиото за внатрешен дизајн Montimpex Design.Отворен ден 20.06.2018.
    Пријавете се на следниот линк.

Од Семос Едукација и оваа година овозможуваат целосни и делумни стипендии за летните менторски програми за Cisco IT и за Microsoft IT програмите.

  • За Летната Cisco IT менторска програма, Семос Едукација доделуваат 1 целоснa стипендиja од 1640 € и 5 делумни стипендии од 640 €. Покрај обуката за Cisco мрежен инженер слушателите ќе работат на реален проект со ментор од компанијата EURO BPO.
    Пријавете се на следниот линк.
  • Летната Microsoft IT школа е интензивна менторска програма која се одвива во период 3 месеци. Заинтересираните имаат можност да одберат една од трите професии: Microsoft Web Developer; Microsoft Server Administrator или Microsoft Data Analyst. Сите кандидати кои ќе аплицираат, учествуваат во тестирањето за целосна или делумна стипендија. Целосната стипендија е во вредност од 1605€, а 30 кандидати ќе добијат делумна стипендија од 555 €. Слушателите ќе работат на реални проекти со ментор од компаниите itCrowd и SAGA.

    Отворени денови 12.06.2018 (за Web Developers), 13.06.2018 (Server Administrators) и 14.06.2018 (за Data Analysts).

    Пријавете се на следниот линк.

Во однос на пријавување за летните менторски програми, може да се пријави секое лице кое сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област. Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица или лица кои прават целосна преквалификација. Сите детали и информации за овие програми се објавени на социјалните медиуми и на веб-страницата на Семос Едукација.