Новости Листа

Летна менторска програма за фотографија
со компаниите Perfect и Аngelovski Photography

Фотографија како хоби, страст, уметност или кариера? Која е Вашата пасија?

пријава

Со новата менторска програма за фотографија, стекнете вештини за фотографирање, едитирање и манипулација на Вашите фотографии, и бидете подготвени за најбараните професии Фотограф (Photographer, Travel Blogger), Уредник на фотографија (Photo Editor).

Искористете го летниот попуст од 25% и бидете подготвени за патувања и авантури.

Едитирањето на фотографија и фотомонтажата се динамични работи кои бараат посветеност, придржување кон рокови, одлични визуелни и технички вештини, како и комуникациски и организациски вештини. За таа цел, ја развивме менторската програма за фотографија која ќе Ви помогне да ги научите основите на фотографирање, опремата која ви е потребна, како и техниките на работа во софтверот Adobe Photoshop & Camera Raw. Додека, практичниот дел кој опфаќа стил на фотографирање, композиција, светлина и eстетика ќе го совладате преку реални проекти кои ќе ги работите на терен и во студио.

Ќе научите како да изработувате:

  • Портрет фотографија
  • Надворешна фотографија
  • Студиска Stock фотографија
  • Надворешна студиска фотографија со светла
  • Меѓународен сертификат за Adobe Photoshop

Во текот на менторската програма ќе имате можност да работите на реални проекти под менторство на претставници од компаниите Perfect и Аngelovski Photography кои со Вас ќе споделат искуство од секојдневните работни обврски и ќе Ви овозможат да работите во реална работна околина.

Модули

  • Основи на фотографија
  • Adobe Photoshop + ACA испит & Camera Raw
  • Портрет фотографија
  • Надворешна фотографија
  • Фотографија во студио
  • можност за пракса во менторските компании Perfect и Аngelovski Photography
  • учество на настани и фотосесии заедно со менторите
  • знаење и искуство од прва рака со искусни фотографи (ментори и професори),
  • влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување.
  • збогатено портфолио со сопствени фотографии создадени на терен и во студио.

Летна менторска програма за фотографија – Почеток 18 јуни
Вкупен број на часови: 120
Датум на пријавување и уплата: 15 јуни.


СПЕЦИЈАЛНА ЛЕТНА ЦЕНА: 29.700,00 МКД

Можност на плаќање на рати со Visa или Master кредитни картички од било која банка. Посебна можност за плаќање на максимум 10 рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје.


Пријавете се за Летна менторска програма за фотографија на следниот линк

Потребна опрема

Програмата се препорачува да се следи со сопствен DSLR фото апарат, а студентите кои немаат соодветна опрема можат да работат со школскиот DSLR фото апарат, објективи, блицеви и дополнителна опрема обезбедена од страна нa Семос Едукација.


Повеќе информации: 02/31 30 900 или 071/223 993


За компанијата Аngelovski Photography:

Аngelovski Photography се тим од фотографи од Скопје, со повеќе од 10 години работно искуство во оваа уметност, од кои 5 години работа на интернационално ниво.

Освен работата со алтернативната свадбена фотографија, нивната насока опфаќа повеќе области како модна фотографија, портрет фотографија, маркетинг и ивент фотографија.

Надоврзување на ова е и организација на Меѓународниот Самит за фото и видео, кој веќе две години по ред се одржува во Македонија.

Партнери во професијата, како и во приватниот живот - Надица и Ангел доловуваат различни и подеднакво уникатни моменти, кои низ двата објектива синергично ја создаваат вашата совршена приказна.


За компанијата Perfect:

Perfect е маркетинг агенција, во Скопје со сопствено фото и видео студио. Покрај маркетинг и адвертајзинг, активно се занимава со комерцијални студиски фотографии и видео продукција за голем број на домашни и странски клиенти.