Новости Листа

Знаеме дека со нетрпение го очекувавте ова.

Дојде и тоа време од годината кога Семос Едукација објавува

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИЈА НА ТЕМА „Вредности за кои се борам“

Кои се вредностите за кои ти се бориш со целото срце?

Студенти, ентузијасти, креативци, идни графички и веб дизајнери...

Вие сте на  ред.
Ова е твојата можност да ги претвориш своите битки во ремек дело.

Од есеј, цртеж, фотографија па се до концепт за веб апликација...Изборот е твој

Краен рок за аплицирање: 21.04.2021

АПЛИЦИРАЈ

за стипендија во единствената Акредитирана Академија* за графички и веб дизајн во Македонија.

Седма година по ред Семос Академијата спонзорира бесплатни школувања на млади талентирани лица, за кои оваа година ќе додели вкупно 4 стипендии (2 целосни + 2 делумни) за две категории во вкупен износ од 7.100 ЕУР.

Овогодинешната тема на конкурсот е „Вредности за кои се борам“ и од вас се очекува креативно да се изразите за една вредност за која се борите. На конкурсот се аплицира за академската 2021/22 година за двете стручни едногодишни програми: Графички дизајн и Веб дизајн.

Она што треба да се знае е следното:

  • На конкурсот може да аплицираат сите полнолетни лица со завршено средно и/или високо образование и истите можат да почнат со настава во септември 2021 година.
  • Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн.
  • Пријавата мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија, а со самото учество кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила пропишани во Семос Едукација.
  • Одлучете се за која категорија ќе аплицирате. На следните линкови имате повеќе информации за конкурсот.

Конкурс за стипендија за категорија: Графички дизајн

Конкурс за стипендија за категорија: Веб дизајн

*Семос Академијата за графички дизајн е првата и единствена акредитирана институција за пост средно образование која нуди специјалистичка квалификација на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации, од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Решение број УП113-1523 од 19.07.2019 год.