Новости Листа

Беспатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Започна пријавувањето за бесплатни обуки наменети за сите невработени лица кои се заинтересирани за стекнување напредни вештини од областа на информатиката. Проектот е  организиран како дел од активните мерки на Агенција за вработување на Р.Македонија во соработка со Семос Едукација како спроведувач на обуките.

Кандидатите може да аплицираат за учество за еден од следните програмски пакети:

  • ORACLE - официјална обука за Java SE8 Programmer или
  • ISTQB - официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

Критериуми

Единствени критериуми кои треба да ги исполнат кандидатите е да имаат минимум завршено средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица без разлика на нивната возраст. Заинтересираните ќе може да се пријавуваат во сите канцеларии во Агенција за вработување на Р.Македонија, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати.


Повеќе информации

Повеќе информации: http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx