Python Web развој со Django

Скопје
Аплицирај
Број на часови
30
Цена на курсот
21.000 МКД

За кого е наменет курсот

Django e open source работна околина која се употребува за развој на веб апликации со помош на Python програмскиот јазик. Django ги содржи сите алатки кои се потребни за развој на безбедни веб апликации. Главната цел на на оваа платформа е да им овозможи на програмерите да се концентрираат на оние компоненти од апликацијата кои се нови, со цел подобро менаџирање на ресурсите. Безбедноста, едноставноста и целата постоечка документација за работа во Django се главните карактеристики на оваа платформа за веб развој.
Со помош на овој курс ќе почнете практично да ги имплементирате вашите познавања од Python програмскиот јазик во креирање на веб апликации и веб сајтови.


Содржина на курсот

  • Вовед во развој на веб апликации (основни концепти)
  • Вовед и основи на Django
  • Requests and Responses
  • Модели и OPM
  • Погледи (Views) и темплејти
  • Форми и генерички погледи
  • Пишување тестови
  • Статички фајлови и основни концепти на веб дизајн
  • Администрарторски сајт
  • Комплетирање на веб апликацијата и презентација

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе може да:

  • Практична примена на Python кодови при креирање на веб апликации
  • Запознавање со основните концепти и чекори при креирање на веб апликации
  • Тестирање на креираната апликација
  • Успешно користење на постоечките online Django документации и библиотеки
  • Работа во стандардниот администраторски панел на Django

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Слушателите на овој курс потребно е да имаат познавање од основи на Python - II ниво.

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура