Python - I ниво


Аплицирај
Почеток на курсот
28 Мар 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
18.500 МКД

За кого е наменет курсот

Python се користи насекаде. Неговата популарност расте брзо и компании како Google и Facebook секоја година го користат се повеќе. Цел на овој курс е да ги научи новите програмери за основите на програмирање низ многу примери и вежби и да се научи како се користи Python за решавање на комплексни проблеми. Теми, од основна синтакса на Python, до градење на комплексни апликации, се опфатени. Други теми како структурирање на код, манипулирање со податоци, справување со грешки, интеракција со бази на податоци, работење со датотеки и папки, користење на вградени модули, се исто вклучени. Овој курс се учи низ практични примери и совети. Исто така во овој курс ќе ве водиме низ процесот на поставување на Python околина.

Имајќи го предвид фактот што Семос Едукација од оваа година е авторизирана OpenEDG Python Institute академија, програмата за овој курс е прилагодена и наменета да ги подготви слушателите за полагање на PCEP (Certified Entry-Level Python Programmer Certification).


Содржина на курсот

  • Вовед во програмирање и вовед во Python
  • Примитивни податочни структури
  • Контрола на тек на програма
  • Циклуси
  • Функции
  • Непримитивни податочни структури
  • Работа со датотеки (txt, csv)
  • Справување со грешки и исклучоци
  • Работа со готови модули и кориснички дефинирани модули
  • Решавање примери со готови модули и/или повторување

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе може да:

  • Разбирање на основите на програмирањето;
  • Инсталација и подесување на Python околина;
  • Извршување операции користејќи разни типови и структури на податоци;
  • Контролирање на текот на програмата со услови и циклуси;
  • Пишување на алгоритми за решавање на различни проблеми;
  • Менаџирање на датотеки;
  • Справување со грешки и исклучоци;
  • Пишување на лесно одржлив код;
  • Работа со готови и кориснички дефинирани модули.

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Слушателите на овој курс не е потребно да имаат претходно предзнаење.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга на англиски јазик “Python Crash Course“.

Сертификација

Со завршувањето на оваа обука ќе бидете подготвени да го положите PCEP (Certified Entry-Level Python Programmer Certification) испитот на Python Institute.

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура