JavaScript - I ниво
Node.js & MongoDB
Аплицирај
Почеток на курсот
26 Ное 2018
Број на часови
30
Цена на курсот
11.500 МКД

Node.js & MongoDB

Зошто Node.js?

Растечката популарност на Node.js го направи една од најкористените платформи во последниве неколку години. Базиран на V8 JavaScript механизмот користен во Google Chrome привлече програмери кои веќе имаа искуство во frontend делот, но и backend програмери кои имаат потреба од event driven платформа. Денес Node.js е перфектната алатка за стартап компании но и за поголеми играчи како Groupon, SAP, LinkedIn, Microsoft, Yahoo!, PayPal, GoDaddy и многу други. Иако е повеќенаменска платформа, најчесто се корсти за изработка на веб апликации и сервиси.

Зошто MongoDB?

Кога станува збор за бази на податоци, MongoDB е неодделив дел од Node.js. Овој првенец на NOSQL движењето молњевито ја зазема главната улога како база на податоци во многу компании. Користена од New York Times, Forsquare, Grooveshark, eBay и други, покажува дека иако млада, може да направи многу повеќе од стандардниот SQL. Објектно ориентираниот дизајн на податоците и имајќи го JavaScript како интерен јазик за процесираање покажа дека корисноста и брзината се се што е потребно да се освои пазарот.


Содржина на курсот

  • Запознавање со Node.js
  • Node.js јадро
  • Node.js Пакети
  • Настани и текови (Streams)
  • Вовед во HTTP
  • Вовед во Express
  • Вовед во MongoDB
  • Постојани податоци со MongoDB
  • Front-End Основи
  • Дебагирање

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе се стекне со:

  • Основно познавање за животниот циклус (life cycle) на една веб апликација
  • Основно познавање на составните елементи на една веб апликација
  • Способност за креирање на сопствени модули, основни градбени целини на една Node.js апликација
  • Практично знаење за поврзување и вметнување на податоци во MongoDB
  • Знаење за примена на FS и HTTP модули и фрејмворкот Express како составни елементи на една модерна апликација во Node.js.
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основно познавање од програмирање и HTML5  & CSS3.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга за работа со Javascrit - I ниво.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура