Блог постови за детски курсеви

Скопје
Аплицирај

Ѓорѓи руши рекорди и учи во Семос Детскиот Едукативен Центар

Повеќе од 10.000 деца, 28 години постоење, адаптирани програми за најмладите кои ги подготвуваме за дигиталната ера која е во екот на постоењето, се само дел од успесите на најголемиот едукативен центар во Македонија и регионот, Семос Едукација. 

Денес го славиме успехот на еден од нашите најмлади слушатели,  13-годишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје кој освои 13 медали на последното национално првенство во Рубикова коцка. Од нив два се меѓународни, а 11 се во македонска конкуренција. Ѓорги има срушено и седум национални рекорди.

Гордост ни е што тој е наш слушател и стипендист за курсот Основи на Python и потоа ја продолжува едукацијата кај нас со тоа што посетува и други курсеви, а тоа е доволен повод да поразговараме со него за неговиот талент, инспирацијата и желбата за успехот во тоа што е најдобар.

Здраво Ѓорѓи кажи ни нешто повеќе за тебе

Здраво, јас сум Ѓорѓи Чешмеџиевски, ученик во 8а одд во ОУ Гоце Делчев од Скопје. Она по што ме препознаваат е дисциплината speedcubing, поточно користам различни алгоритми и со нивна помош брзо решавам  рубикови коцки.

Љубител си на решавање на Рубикова коцка, рушење на национални рекорди  и голем натпреварувачки дух. На колку натпревари си учествувал досега и што сè си освоил?

Досега сум учествувал на 19 натпревари, и на нив имам освоено 22 златни, 14 сребрени и 23 бронзени медали. Имам подобрено 82 македонски национални рекорди во различни категории. Моето најдобро време за решавање на стандардната рубикова коцка 3x3 е 6.81 секунди. Имам учествувано на натпревари на целиот Балкан во Македонија,Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Косово...Се имам натпреварувано во решавање на рубикова коцка со стапалата на нозете и успеав да ја решам коцката за 1 минута и 18 секунди.

Кои курсеви ги посетуваш во Семос Едукација?

Минатата година посетував Основи на Python, а оваа година го посетувам Напреден Python.

Што би им препорачал на твоите врсници за учење на дигитални вештини?

На моите врсници би им препорачал да го посетат Семос детски едукативен центар и да започнат со основни курсеви за програмирање во некој од програмските јазици и со тоа да се стекнат со вештини кои ќе им бидат од голема помош. На курсевите постои убава работна атмосфера и амбиентот е пријатен. По завршување на курсот за Напреден Python, би сакал да гo посетам курсот за Програмирање со C++ .

Есенските уписи за IT курсевите за јуниори со рана уплата до 30.11.2023 се во тек и може да дознаете повеќе на следниот ЛИНК.

IT Академијата за средношколци ја подготвува патеката на вашите деца за нивното академско и професионално патување

Можност за стекнување со академска предност на оние средношколци кои сакаат да продолжат со факултетско образование во областа на компјутерски науки или софтверско инженерство. Имањето претходно знаење и искуство стекнато од IT Академијата за средношколци може да биде поволно при аплицирање за високо образование.

IT вештините стекнати преку IT Академијата за средношколци се разновидни и применливи во различни дисциплини, како што се здравството, финансиите и образованието. Без оглед на  кариерата кон која слушателот ќе се насочи, имањето IT вештини може да го подобри неговиот целокупен сет на вештини.

повеќе

Кои се придобивките од учење на кодирање кај децата?

Кодирањето е една од најбараните и најпосакуваните вештини во денешницата. Неговото влијание не се одразува само во правењето на компјутерски програми туку тоа поттикнува, развива и зајакнува важни животни вештини кај децата.

При изборот на изучување на одреден програмски јазик јасно е со кои знаења ќе се стекне детето, но дали сте запознаени со останатите придобивки од учењето кодирање?

Дел од придобивките од учењето на кодирање со кои се стекнуваат децата надвор од работата со компјутер се:

повеќе