EC-Council

EC-Council сертификација

EC-Council е најголемото тело за техничка сертификација за сајбер безбедност во светот. Застапени се во 145 земји на глобално ниво и се сопственици и развивачи на светски познатата обука Сертифициран етички хакер (CEH), како и Computer Hacking Forensic Investigator (CHFI), Certified Network Defender (CND) меѓу другите. EC-Council со нивните програми обучиле и сертифицирале над 300.000 професионалци за безбедност на информации на глобално ниво, кои влијаат на начинот на размислување за сајбер безбедноста на безброј организации низ светот.

Програмите за сертификација на EC-Council се признати во светски рамки и добија одобрување од различни владини агенции, вклучувајќи ја Федералната влада на САД и американската владина агенција за национална безбедност (NSA) и Комитетот за национални безбедносни системи, кои ги потврдуваат нивните трениниг програми, со исполнување на стандардите за обука за професионалци за информатичка безбедност и неодамна EC-Council доби акредитација од Американскиот национален институт за стандарди (ANSI).

Семос Едукација е акредитиран центар за обука признат од EC-Council, кој ги исполнува строгите стандарди за извонредност за спроведување на обуки водени од сертифицирани инструктори.