Компетенции

Microsoft Gold Partner for Learning Solutions

Семос Едукација, Microsoft Solutions Partner for Training Services, официјално ги исполни барањата поставени од Microsoft за демонстрирање и потврдување на техничките способности во Microsoft Cloud Partner Program (MCPP). Ова достигнување е доказ за нашата посветеност да испорачаме врвни решенија за обука кои се усогласени со стандардите на Microsoft.

Како резултат на тоа, наградени сме во 3 Cloud области за нашата експертиза за испорака на обука:

  • Solutions Partner for Infrastructure (Azure)
  • Solutions Partner for Data & AI (Azure)
  • Solutions Partner for Digital & App Innovation (Azure)

Нашето партнерство со Microsoft и нашата техничка експертиза значи дека можеме да Ви понудиме иновативни решенија кои ќе го трансформираат Вашиот бизнис и ќе Ви помогнат да ги постигнете Вашите цели.

Cisco Authorized Training

Семос Едукација е единствениот Cisco Learning Partner во Македонија. Cisco Learning партнери се единствено овластени за Cisco обука. Внимателно избрани од страна на Cisco Systems, овие компании се единствените организации кои можат да вработуваат сертифицирани Cisco инструктори кои ја предаваат официјалната Cisco Learning програма. Cisco ја разбира важноста на learning експертизата од страна на квалификувани партнери и секогаш е заинтересиран за поврзување на техничкиот тренинг само со најдобрите организации.

Oracle Approved Training Center

Семос Едукација доби титулата OAEC Oracle Approved Education Center, со што стана првиот и единствен регионален центар за обука за примена на Јава формални курсеви и други Oracle  производи. Oracle Authorized Training Partners е внимателно избран од страна на Oracle University, за да се осигура дека посетителите ќе добијат највисок квалитет на обука. Овие партнери гарантираат: експертска настава и сертификација, материјали за обука развиени во Oracle University, сертифицирани инструктори од страна на Oracle. OAEC партнери се единствени овластени тренинг центри, чија задача и цел е да се спроведе официјална обука, според строгите стандарди на Oracle. OAEC програма е дизајнирана за да се овозможи максимална поддршка на тренинг партнери во светот за спроведување на голем број сертифицирани обуки со официјални содржини и официјална литература. Семос Едукација, исто така, доби статус Oracle Gold Partner, која ни овозможува да го нуди целиот спектар на Oracle производи.
Gold Partner е првото ниво на OPN кој и овозможува на компанијата да започне развој на специјализација. Специјализациите ќе им помогнат на компаниите да се зголеми нивната стручност, да се достигнат повисоки нивоа на клиенти. Конечно, како Oracle Authorized Reseller, Семос Едукација стана овластен диструбутер на сите производи на Oracle.

EC Council Authorized Training

Претседателот и менаџментот на EC-Council го прогласија Семос Едукација за најдобар дебитант на годината за 2010 награда. EC-Council наградата е врачена на Церемонијата која се одржа на 13 октомври, за време на Hacker Halted Conference во Мајами. Од 2009 година Семос Едукација е EC-Council Accredited Training Center за обука. EC-Council е единствениот носител на лиценца за организирање на најбараниот курс за етичко хакирање - Етичко Хакерство и контрамерки, како што се Certified Ethical Hacker – CEH, ECSA/Licence Penetration Tester, Computer Hacking Forensic Investigator – CHFI и други. EC Council е водечка светска организација за образование и сертификација на етички хакери. Семос Едукација потпиша ексклузивен договор со EC-Council. Резултат на таа соработка е достапноста на Certified Ethical Hacker (CEH) курсеви, за македонските кандидати.

Autodesk Authorized Training Center

Семос Едукација е Autodesk Authorized Training Center, која ги вклучува следниве пазарни групи: AutoCAD, GIS, Mechanica и 3D Animation Group. Autodesk е водечки софтвер за дизајн и мултимедијални алатки. Како четврта најголема софтверска компанија во светот, Autodesk има повеќе од 3 милиони корисници во повеќе од 150 земји низ целиот свет. Семос Едукација е Autodesk Authorized Training Center за Autodesk производи во Македонија. Инструкторите ја имаат титулата Autodesk Training, со која се докажува нивната стручност во Autodesk производи. Обуката се спроведува според официјалната програма, материјали и вежби на Autodesk.

Adobe Authorized Training Center

Семос Едукација е Adobe Авторизиран Тренинг Центар и одржува официјални обуки за користење на Adobe продуктите, кои се спроведуваат од страна Adobe Certified Instructors (ACI). Adobe Authorized Training центрите одржуваат тренинг кој е признаен во целиот свет и кој се спроведува според највисоко ниво на квалитет, контролиран од страна на Adobe корпорацијата.

VMWare Authorized Training Center

Семос Едукација е авторизиран центар за обука на VMware курсеви за виртуелна технологија. Vmware е предводник во виртуелизацијата на технолошките решенија, за максимална искористеност на постоечкиот хардвер и намалување на капиталните торшоци во организацијата.

ITIL Training

Семос Едукација има ексклузивен договор со ITSM CENTER д.о.о. од Словенија за одржување на официјална ITIL обука и тестирање. ITIL е јавна рамка со која се опишува најдобра практика во управување со ИТ услуги. Тој обезбедува рамка за управување на ИТ и се фокусира на континуирано мерење и подобрување на квалитетот на ИТ услугите, од страна на бизнис и од страна на клиентот.

Обука за крајни корисници

Спојувањето на бизнис администрацијата и компјутерска култура и образование е реалноста на денешниот свет. Овие курсеви се создадени не само за деловни луѓе, но исто така и оние кои допрва треба да влезат во светот на бизнисот. Тие им овозможуваат брзо и ефикасно креирање на различни видови текстуални документи, прецизни и точни резултати во табели со пресметки, како и нивна графичка презентација.

Семос Академии

Од 2006 година, Академијата во Семос Едукација продуцира квалитетни кадри, кои успешно се претставуваат и вработуваат, како во Македонија така и надвор од нејзините граници. Од оваа институција досега произлегле над 250 млади и талентирани графички и веб дизајнери, кои добиваат награди на државните и меѓународните конкурси, понудувајќи современи графички и веб решенија за моментните општествени и глобални проблеми.

Семос Академијата е тренинг центар за формално пост-средно образование кој нуди две стручни едногодишни програми усогласени со барањата на бизнис заедницата за квалификациите Графички дизајнер и Веб дизајнер кои се на 5б ниво во Националната рамка за квалификации. Континуирано се грижи за квалитетот на услугата и целосно е посветен кон студентот со цел да го подготви за стекнување на знаење, вештини и компетенции потребни за градење и/или подобрување на сопствената кариера.

Студентите од Академијата имаат учествувано на повеќе натпревари и меѓународни конкурси за графички дизајн каде имаат освоено: прва и втора награда на меѓународни студентски конкурси, три први и една почесна награда за дизајн во Македонија.

Години наназад, Академијата редовно дава свој придонес во општествено одговорните практики, обезбедувајќи проекти за студентите наменети за реални клиенти на кои најмногу им е потребно. Воедно го промовира графичкиот и веб дизајн во различни сфери од функционирањето и животот на човекот како и за природата, науката и општеството. Обезбедувањето на практични проекти, има за цел да се поттикнат студентите на совесно творештво и креација во развој на оригинални идеи, да се охрабрат во својот личен раст и развој како дизајнери, како и да се стекнат со специфични компетенции како дел од програмата на Академијата.

Детски Едукативен Центар

Детскиот едукативниот центар нуди широк спектар на програми и курсеви специјализирани за деца и млади на возраст од 7 до 15. Содржините се групирани во следниве категории: основни ИТ вештини, графички дизајн, веб дизајн, компјутерска анимација и мултимедија, програмирање и јуниор администратор.

Linux Training

Ние обезбедуваме обука за Linux, прилагодена за подготовка на испити за Linux сертификација, а со учење на практични Linux вештини. Linux програмата за обука, вклучува богато портфолио на класи, од Linux Fundamentals & System Administration, до напредни теми како што се изградба вграден Linux Systems.

Android Training

Нашите курсеви за мобилна апликација вклучуваат Android App development. Оваа програма е наменета за поединци заинтересирани за дизајн, развој, или користење на мобилен уред апликации, игри, или услуги. Тоа ќе биде од корист на оние кои сакаат да го зголемат спектарот на вработување и технички дисциплини во рамките на брзо проширување во полето на мобилни развој на апликации.

Agile & SCRUM Training

Семос Едукација, исто така, обезбедува Agile & SCRUM Training. Scrum обуката и сертификацијата ја исполнува визијата на ефектива преку негување на поголема соработка, продуктивност, и успех меѓу членовите на тимот. Ова глобално движење трансформира организации и ги зема во повисоките нивоа.

Project Management Institute

Семос Едукација е провајдер на официјални курсеви за Проектен Менаџмент, кои што се базирани на ПМИ Методологија и во ова поле воспоставивме блиска соработка со нашиот партнер ЦПМ од Србија. Семос Едукација доставува тренинг кој им овозможува на слушателите да соберат глобално признати ингеренции со кои се сертифицира експертизата за проектен менаџмент, и кои ќе бидат употребени во официјалната сертифијација за ПМП и ЦАПМ.

Certiport Authorized Testing Center (CATC)

Со Certiport Authorized Testing Center (CATC) Семос Едукција нуди Certiport сертификати, како и администрирање на испитите.
Certiport е светски лидер во испорака на официјални испити и решенија со практични тестови, наменети за академските пазари, работната сила и конкурентните пазари во техниката. Производите на Certiport се испорачуваат низ мрежа од 12.000 и повеќе партнери - Certiport Authorized Training Centers во 152 земји во светот на 27 јазици. Овие сертификати се стандард за академска подготвеност и спремност на работната сила, овозможувајќи на индивидуалците со различна стручна квалификација да ги потврдат вештините потребни во денешниот конкурентен свет, воден од брзиот развој на технологијата.

VUE Testing Center

Семос Едукација е овластен VUE Testing Center во Македонија, каде кандидатите може да го тестира своето знаење и да се здобијат со сертификати на повеќе од 100 светски познати брендови.