UX/UI Design + Adobe XD


Аплицирај
Почеток на курсот
Број на часови
30
Цена на курсот
14.000 МКД

Опис на курсот

UX/UI (User Experience/User Interface) корисничките принципи се нови правила во процесот на веб дизајнирање и целосно насочени кон корисникот. Првично, овој курс ќе Ви помогне да направите разлика помеѓу дизајните на корисничко искуство UX и кориснички интерфејс UI, а покасно ќе ги совладате содветните теми работејќи на зададена проектна задача.

UX дизајнот опфаќа истражување и дефинирање стратегија за корисникот, изработка на информациска архитектура и структура на веб страна, како и имплементација со тестирање на идејата. Додека, UI дизајнот опфаќа принципи на дизајнирање на кориснички интерфејс на веб страна, креирање прототип за веб проект „Mock-up“ со помош на алатката Adobe XD.

Како финален производ од овој курс ќе добиете дизајн на прототипна веб страна прилагодлив за различна големина на уреди кој можете да го експортирате и споделите со Вашите соработници.


Содржина на курсот

User Experience (UX) Design

  • Креирање на стратегија на производ
  • Прилагодување на бизнис целите со корисничките потреби
  • Анализа на потенцијални проблеми и решенија
  • Креирање на корисники профили и сценарија
  • Креирање на мапа на корисничко искуство
  • Поставување на структура на веб страна

User Interface (UI) Design

  • Принципи на веб дизајн
  • Дефинирање на корисничка интеракција
  • Евалуација на интерфејс и негово унапредување
  • Креирање и имплементација на нов визуелен јазик
  • Креирање на прототип и тестирање на идеја

Adobe XD CC

  • Како да започнете
  • Запознавање со работната околина
  • Поставување на проект
  • Креирање графики
  • Додавање слики и текст
  • Организирање содржина
  • Работа со средства и СС библиотеки
  • Користење ефекти и повторувачки гридови
  • Прототипирање
  • Споделување на прототипот
  • Споделување на дизајнот и експортирање

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на UX дизајн Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Борјанчо Мицевски
Раководител за бизнис развој на балкански регион
+389 75 345 258 +389 78 306 647

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Секој посетител ќе добие копија од книга за темите поврзани со UX/UI дизајн и најновото издание од книгата "Adobe XD CC classroom in a book" која е дел од официјалниот серијал за обука на Adobe софтверот, развиена со поддршка на Adobe експертите. Вежбите се дизајнирани на начин да Ви овозможат учење според вашите потреби и ритам на учење.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура