Office 365
Outlook, Teams, OneNote, OneDrive, Yammer


Аплицирај
Број на часови
22
Цена на курсот
6.200 МКД

Опис на курсот

Продуктивноста е збор кој луѓето многу често го употребуваат. Како и да е, во секојдневниот живот продуктивноста може да биде сумирана во едно прашање: Како можам да ја завршам мојата работа побрзо и поедноставно?

Доколку и вие си го поставувате ова прашање и сеуште го барате начинот како да си ја олесните работа и истата да ја завршите побрзо, тогаш овој курс е за вас. Флексибилноста и поврзаноста која ви ја нуди Office 365 ќе направи да бидете поефикасни и постојано во чекор со настаните кои ви се од важност. Сите потребни апликации за работа се поставени на едно место а унифицираниот интерфејс дотолку ги прави овие апликации да бидат еднсотавни за употреба.

Оваа програма за курсот Office 365 за крајни корисници има за цел да ги обучи слушателите како максимално да ги искористуваат придобивките кои ги нуди овој пакет на Microsoft и со тоа да си ја олеснат работата и продуктивноста.

Office 365 нуди поврзување на вработените во една фирма со сите луѓе, информации и содржини кои им се потребни за завршување на секојдневните работни обврски.

Office 365 e многу повеќе од збир на Microsoft апликации поставени на cloud. Нуди многу придобивки во развојот на работата и растот на продуктивноста, заштеда на пари и ресурси.

Оваа обука ќе ги опфати следниве продукти од Office 365 пакетот:

  • Outlook
  • Teams
  • OneNote
  • OneDrive
  • Yammer

Содржина на курсот

  • Office 365
    • Вовед за Office 365
    • Креирање на профили
    • Активирање на соодветни апликации
  • Outlook
    • Додавање на нов акаунт
    • Креирање на различни површини за работни и приватни профили
    • Креирање и додавање на потпис
    • Креирање на групи
    • Употреба на To Do во Outlook
    • Креирање и употреба на категории
  • Teams
    • Различни типови на тимови
    • Креирање на тимови и канали во истите
    • Навигација низ тимот и пермисии
    • Поставување/креирање на податоци, разговори во Teams
    • Креирање на задачи во Teams
  • OneNote
    • Додавање и форматирање на текст, слики, аудио и видео, цртање на објекти
    • Вметнување на Excel документи во OneNote
    • Пребарување во OneNote, категоризација и организација
    • Принтање и заштита на дигитални нотеси
    • Праќање и споделување на дигитални нотеси преку Outlook и OneDrive
  • OneDrive
    • Зачувување и споделување на фајлови преку OneDrive
    • Менаџирање со фајлови
    • Споделување на фајлови со помош на линкови и јавни папки
    • Пребарување на фајлови и информации
  • Yammer
    • Навигација низ работната површина
    • Креирање на пораки, real time chat и пребарување во Yammer
    • Менаџирање на разговори и работа со групи
    • Креирање на анкети и објави
  • Скалабилност – Office 365 ви нуди флексибилност во скалирањето и подесувањето на вашата работа. Во согласност со потребните и развитокот на фирмата, овој пакет на апликации им овозможува на корисниците да изберат кои апликации ќе ги користат во секојдневната работа а со тоа и ја зголемуваат продуктивноста.
  • Работа од секаде – Една од главните придобивки на Office 365 е тоа што можете да работите од секаде, доволна ви е само интернет конекција. Поради тоа што буквално се во Office 365 се зачувува на cloud, информациите и потребните податоци ни се на достапни на било која локација и на било која направа. Ова е одлично за компании кои имаат претставништва на повеќе локации, вработени кои често патуваат или работата на терен.
  • Лесна соработка – Доколку имате проект на кој треба да работите како тим, добрата соработка е клучна за успех. Office 365 ја олеснува комуникацијата и синхронизираноста на членовите на една организација со помош на алатки за видео комуникација, споделување на организациони календари итн.
  • Навремено ажурирање – Поради тоа што Office 365 се базира на cloud технологија, имате можност да ги употребувате најновите верзиоо на Office 365 без да имате потреба да симнувате дополнителни софтвери или дополнително да плаќате. Office го прави тоа за вас.

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Office Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Oсновни познавања за работа со компјутери и оперативниот систем Windows.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга за работа со Office 365.

Outlook

Microsoft Outlook е многу повеќе од само апликација за праќање и примање на меилови. Тоа е исто така место каде можете да ги организирате сите пораки кои ги добивате и да се концентрирате само на оние меилови кои се најважни. Во Outlook можете да го уредувате вашиот календар за да успешно менаџирате со вашите обврски. Можноста за споделување на календарите помеѓу вработените во една фирма во голема мера ќе ви ја олесни работата и синхронизираноста со вашите колеги.

Teams

Microsoft Teams е колаборациска апликација која им овозможува на членовите на еден тим да бидат организирани и во тек со настаните. Ова апликација нуди можност за брза пишана и видео комуникација, без разлика на бројот на учесници во конверзацијата. Можноста за споделување на документи, работа на истите и следење на промените кои се направени ја прави оваа апликација да биде една од омилените од Office 365 пакетот.

OneNote

Microsoft OneNote е всушност вашиот дигитален речник. Доколку имате многу идеи или огромен број на обврски, OneNote е совршената апликација каде можете сето тоа да го запишете. Со оваа апликација ќе можете да ги запишувате вашите обврски или да ги снимате истите во аудио формат. Пребарувањето на запишаните информации е лесно и едноставно и истите можете да ги складирате во посебни страници или секции.

OneDrive

Доколку имате потреба од апликација која ви овозможува да ги зачувувате сите ваши работни документи на едно место, тогаш OneDrive е тоа што ви треба. Можноста за лесно и брзо споделување на работните фајлови како и соработката со колегите на истите во голема мера ќе ви ја олесни работата. Со оваа апликација ќе можете да им пристапите на потребните документи во било кое време од било кое место.

Yammer

Поврзаноста со вашите колеги е поважна од било кога. Yammer е социјална мрежа која функционира на корпорациско ниво и ги поврзува вработените на една фирма и ги вклучува во процесите. Со оваа апликација ќе бидете секогаш во тек со настаните и ќе можете да ја видите итноста на одредени процеси во вашата компанија.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура

Соработка

За фирми нудиме извонредни услови за соработка...