CCNP Enterprise обука и сертификација


Аплицирај
Број на пакети
1

Cisco Certified Network Professional

Семос Едукација ви нуди уникатна тренинг програма која ви ги дава потребните Cisco® CCNP вештини за потребите на пазарот.

CCNP Enterprise обука и сертификација

Софтверот и мрежната инфраструктура стануваат се повеќе меѓусебно поврзани.  Рапидниот напредок на технологијата им овозможуваат на новите апликации и бизниси неограничено вмрежување. Компаниите можат да ги искористат предностите на автоматизацијата да скалираат и да го подигнат нивото на безбедност на својата мрежна инфраструктура.  Да ги искористат можностите на новата генерација мрежна инфраструктура денешните мрежни/систем  професионалци имаат потреба од поширок спектар на вештини и подлабок фокус во клучните областите од  мрежната технологија. Токму новата CCNP Enterprise сертификациона програма е дизајнирана да ви овозможи поширок спектар и  подлабок фокус на новите технологии.

Новата CCNP Enterprise тренинг и сертификациона патека е дизајнирана да ви помогне да ги потврдите вашите знаења на новата генерација мрежна инфраструктура. Тренингот и сертификацијата ги покриваат клучните технологиите со фокус на област/и по ваш избор. Вие избирате каде ќе се фокусирате, вие избирате како да ја изградите вашата кариера.

Предуслов

Нема формални предуслови за полагање CCNP Enterprise но треба да имате солидно познавање на темите кои се дел од испитот пред да го полагате.

CCNP кандидатите треба да имаат три до пет години практично искуство во имплементација на решенија од областа на мрежната инфраструктура..

Лице за контакт

Марко Серафимовски
Head of International Business Development
+389 78 441 867, секој работен ден 9:00-17:00

CCNP Enterprise сертификација

CCNP Enterprise сертификација ги потврдува знаењата и вештините потребни за новата генерација мрежна инфраструктура.

Сертификат: CCNP Enterprise

За да се стекнете со титулата CCNP Enterprise треба да положите два испити, core испит и уште еден concentration испит по ваш избор.

  • Core испитот се концентрира на вашето знаење од областа на мрежната инфраструктура вклучувајќи dual-stack (IPv4 & IPv6) архитектура, мрежна функционалност, виртуализација, безбедност и автоматизација.  Овој испит исто така ве квалификува за полагање на CCIE Enterprise и CCIE Enterprise Wireless сертификација. Положувањето на овој испит ви помага да се стекнете со кој било од овие три сертификати.
  • Concentration испитите се однесуваат на нови и релевантни теми од индустријата како што се мрежен дизајн, SD-WAN, безжични мрежи и автоматизација. Може да се подготвите за овие испити со тоа што ќе слушате соодветен официјален курс од Cisco програмата.

Ресертификација

CCNP Enterprise сертификацијата е со важност од три години.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура