Новости Листа

Драги наставници, професори, едукатори...
Учењето на далечина стана реалност.

Дали сте подготвени за овој предизвик?

Во новото окружување, претставени ни се две опции:

1. Да се прилагодиме на новите услови и да научиме нешто ново
2. Да оставиме драгоценото време да не прегази

Која ќе ја одберете?

Ви советуваме да ја одберете првата опција.

Како можеме ние да ви помогнеме во справување со овој предизвик?

  • Ќе Ве научиме како да го користите Microsoft Teams
  • Ќе Ви понудиме поддршка во набавка на Microsoft 365
  • Ќе Ви помогнеме при инсталација и одржување на Microsoft 365

Што е Microsoft Teams?

Microsoft Teams е дигитална платформа која од едно централно место овозможува: водење разговори, споделување на содржина, задачи и апликации, дозволувајќи им на наставниците да создадат реална и живописна околина за учење. Креирајте училници за комуникација со учениците, поврзете се со колегите, соработувајте со заедниците за професионално учење, сето тоа од едно место.

Обука за користење на Microsoft Teams

Динамика: 12 часа - 6 модули
Цена: 3.800 ден
*минимален број на учесници е 5 лица

Обуката вклучува онлајн обука за наставниот кадар околу начинот на држење на часови и користење на алатките во апликацијата Teams. Обуката ја предава сертифициран предавач со искуство. Слушателите ќе добијат и презентација и сертификат за посетената обука. На обуката може да се поставуваат прашања, се прават вежби и се работи практично со цел подготовка на наставниците за одржување на своите часови онлајн.

Теми на обуката

  • Преглед на Office365 апликациите
  • Се за Microsoft Teams
  • Споделување документи
  • Работа со ученици
  • Задачи и повратни резултати во Microsoft Teams
  • Class Notebook во MS Teams

Цели на обуката

  • Што е Microsoft Teams и како може да се користи во училниците и училиштата.
  • Разберете ги различните типови на тимови.
  • Научете како да креирате тим и канали во рамки на Microsoft Teams.
  • Научете како да “навигирате” во тим и да управувате со пермисиите.
  • Научете како да креирате датотеки, како да започнете разговор и да одговарате на прашања и како да објавувате соопштенија.
  • Научете како да ја користите вградената алатка OneNote, како и да додавате дополнителни апликации што можат да се користат во тим.
  • Научете како да креирате задача и форма во тим.

Набавка на Microsoft 365 Софтвер
Microsoft 365 A3 for faculty лиценца

Цена по лиценца: 358,00 ден. +ддв

 *минимален број за нарачка е 5 лиценци

Понудата вклучува месечна лиценца за A3 Microsoft Office365 Education. Пакетот ги вклучува следните софтверски компоненти кои се достапни за преземање на 5 уреди по лиценца:

  • Word
  • Excel
  • PowerPoint
  • Outlook
  • OneNote
  • Teams for Education
  • SharePoint
  • Access
  • Publisher и многу други сервиси

Инсталација и одржување на Microsoft 365

Техничко сетирање на софтверот: 30.000,00 +ддв

Месечно одржување: 3.000,00 + ддв

Техничкото сетирање на софтверот вклучува ангажман на техничко лице кое комплетно го поставува решението во Вашата институција. Ова вклучува креирање на тенант, додавање на корисници (наставници/професори),

Месечното одржување е услуга која нашиот тим ја нуди со цел менаџирање на евентуални промени со софтверот (лиценците) кои ги купува институцијата. По првичното поставување на лиценците, при евентуална промена во кадарот во институцијата (заминување, додавање на нови колеги) потребно е истите да добијат пристап до алатките на Microsoft A3 Office365 лиценцата со што ние стоиме на располагање да го покриеме овој дел.

Лице за контакт

Марко Серафимовски
Head of International Business Development
+38978441867, секој работен ден 9:00-17:00