Новости Листа

Знаеме дека со нетрпение го очекувавте ова.

Дојде и тоа време од годината кога Семос Едукација објавува

Конкурс за стипендија на тема „ТАБУ (TABOO)“

Краен рок за аплицирање: 15.04.2020

Биди сé што сакаш да бидеш

АПЛИЦИРАЈ

за стипендија во единствената Акредитирана Академија* за графички и веб дизајн во Македонија.

Шеста година по ред Семос Академијата спонзорира бесплатни школувања на млади талентирани лица, за кои оваа година ќе додели вкупно 4 стипендии (2 целосни + 2 делумни) за две категории во вкупен износ од 7.100 ЕУР.

Овогодинешната тема на конкурсот е „ТАБУ (TABOO)“ и од вас се очекува креативно да се изразите на една табу тема по ваш избор. На конкурсот се аплицира за академската 2020/21 година за двете стручни едногодишни програми: Графички дизајн и Веб дизајн.

Она што треба да се знае е следното:

  • На конкурсот може да аплицираат сите полнолетни лица со завршено средно и/или високо образование и истите можат да почнат со настава во септември 2020 година.
  • Секој кандидат аплицира самостојно за една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн.
  • Пријавата мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија, а со самото учество кандидатот целосно ги прифаќа официјалните правила пропишани во Семос Едукација.

Одлучете се за која категорија ќе аплицирате. На следните линкови имате повеќе информации за конкурсот. 

Конкурс за стипендија за категорија: Графички дизајн (link)

Конкурс за стипендија за категорија: Веб дизајн (link)

*  Семос Академијата за графички дизајн е првата и единствена акредитирана институција за пост средно образование која нуди специјалистичка квалификација на
5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации, од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Решение број УП113-1523 од 19.07.2019 год.