Новости Листа

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Обуки за напредни ИТ вештини, почеток на ИТ кариера

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година и измените и дополнувањата од месец јули 2019 година, усвоени од Владата на Република Северна Македонија, од 25 ноември 2019 година Семос Едукација почна со спроведување на мерките 4.1 и 4.2 – Обука за напредни ИТ вештини.

Целта на бесплатните обуки е да се помогне на невработените лица во нивната преквалификација или доквалификација за една од најплатените IT професии на денешницата, стекнување на меѓународно признати сертификати и титули, како и да им се овозможи почеток на својата кариера во ИТ индустријата.

Ги охрабруваме сите невработени лица - Баратели на работа, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија(АВРСМ), да се пријават за посета на еден од понудените модуларни програмски пакети.

ЧЕКОР 1. Проверете дали сте Барател на работа во АВРСМ, прочитајте повеќе на следниот линк

ЧЕКОР 2А. Пред да се пријавите, внимателно прочитајте ги понудените обуки од мерка 4.1 PDF

  • Модуларен програмски пакет System Engineer
  • Модуларен програмски пакет Cloud Administrator
  • Модуларен програмски пакет Automation Tester
  • Модуларен програмски пакет ISTQB Software Tester
  • Модуларен програмски пакет UX Design Specialist

ЧЕКОР 2Б. Пред да се пријавите, внимателно прочитајте ги понудените обуки од мерка 4.2 PDF

  • Модуларен програмски пакет Full Stack Java Developer
  • Модуларен програмски пакет Front End MERN Stack Developer
  • Модуларен програмски пакет Data Analyst

ЧЕКОР 3 - Опционално. Доколку имате дополнителни прашања поврзани со обуките, Семос Едукација Ви стои на располагање за дополнителни информации.

  • www.semosedu.com.mk | kursevi@semos.com.mk | тел. (02) 3130-900
  • За обуки од мерка 4.1 – контакт Симона Ристевска тел. 078/270-762
  • За обуки од UX Design Specialist - контакт Ангелина Канчевска 071/223-993
  • За обуки од мерка 4.2 – контакт Иван Паневски тел. 075/226-875

ЧЕКОР 4. Секој што е заинтересиран, треба да се пријави во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), во центарот за вработување каде што живее. Повеќе информации за пријавувањето, може да се добие од вработените во АВРСМ линк за контакт

Со почит, 

Тимот на Семос Едукација,