Новости Листа

2019 - Менторска програма за Фотографија

Создај ги првите студиски и портрет фотографии со менторската програма за фотографија која ќе Ви овозможи своето хоби да го претворите во уметност и да станете ФотографПРИЈАВА

Летна менторска програма за Фотографија – Почеток 08.07.2019. 
СПЕЦИЈАЛНА ЛЕТНА ЦЕНА за Mенторска програма за Фотографија: 22.440,00.
Вкупен број на часови: 70

За само 2 месеци стекнете вештини од областа на фотографијата и почнете да заработувате како Фотограф користејќи ја најпопуларнaта софтверска апликација Adobe Photoshop.

Наслов на курсотЧасови
Основи на фотографија
20
Adobe Photoshop CC
30
Проект „Студиска и портрет фотографија“
20

На почеток на програмата ќе ги добиете потребните информации за купување на фотографска опрема, и ќе се запознаете со параметри на фото апарат, објективи, композиција и светлина.

Техниките за фотографирање и естетиката се изучуваат преку практичниот проект на терен и во фото студиото на маркетинг агенцијата Перфект, а како краен резултат се очекува да создадете прекрасни дигитални фотографии од повеќе стилови: урбани и улични портрет фотографии, како и студиски фотографии.

Напомена: Програмата мора да се следи со сопствен DSLR фото апарат.

Во текот на менторската програма ќе имате можност да работите под менторство на нашите искусни тренери и професионални фотографи м-р Ерина Богоева и Димитар Атанасов, кои со Вас ќе споделат искуства од секојдневните работни обврски и ќе Ви овозможат да работите во реална работна околина.

Ерина се занимава со фотографија скоро една деценија, а портретите и се прва и основна љубов во фотографијата. До сега има работено на домашни модни и рекламни кампањи, многу приватни портрет сесии, како и театарска фотографија во и надвор од Македонија. Како самостоен автор има четири посебни изложби позади себе, а има учествувано во над 20тина групни и хуманитарни изложби. Во 2018та ја издава својата прва фотографска монографија „Скопје- архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“. Многу сака да работи со луѓе и верува дека како тренер има знаење кое може да го пренесе.

Димитар работи како професионален фотограф повеќе од 12 години. Неговите полиња на интерес се најмногу во комерцијалната и microstock фотографијата. Кога не е затворен во студио, за ќејф и релаксација ги усовршува и другите фотографски стилови од кои најмногу портретите и стрит фотографијата, а во последно време се подлабоко навлегува и во светот на видеото. Работи за бројни македонски и странски клиенти во полето на рекламната фотографија, преку неговата агенција за маркетинг "Perfect". Како самостоен фотограф, учествувал на повеќе од 20 групни изложби.

Бенефити:

  • Светски признаени сертификати од Adobe
  • Тренер со долгогодишно искуство со фотографија.
  • Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување.
  • Работа на практични проекти за полесно совладување на материјата.

Краен датум на пријавување и уплата: 04.07.2019.

Можност за плаќање на рати со Visa или Master од било која банка. На 3, 6 или 12 рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје или на 6 рати со 1% камата со Dinners кредитна картичка.

Пријавете се за Менторската програма за Фотографиаја ПРИЈАВА

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00