Новости Листа

Летна менторска програма за UX Design

Стани UX Designer со посета на летната Adobe менторска програма.

Креирај го првиот прототип за веб страна и/или апликација, воедно почитувајќи го искуството на корисникот.

Летна менторска програма за UX Design – Почеток 27.06.2019. ПРИЈАВА

Отворен ден: 25 јуни | 17:30 | вторник

Краен датум на пријавување и уплата: 26.06.2019.

СПЕЦИЈАЛНА ЛЕТНА ЦЕНА за Mенторска програма за UX Design: 33.600,00.

Вкупен број на часови: 96

За само 2 месеци стекнете вештини од областа на веб дизајн користејќи ги новите UX/UI принципи насочени кон корисникот – User Experience & User Interface и почнете да заработувате како UX Designer користејќи ги најпопуларните софтверски апликации Adobe Photoshop & Adobe XD.

КурсЧасови

Креативно размислување

Првично, оваа програма ќе Ви помогне креативно да размислувате и да направите разлика помеѓу традиционалните дизајни и дизајните на корисничко искуство. Ќе се запознаете со методите на истражувања, фокус групи и прашалници, воедно користејќи техники за развој на идеја. Креативното размислување за даден проблем е многу важно од аспект на генерирање иновативни решенија кои се насочено кон корисникот.

16
UX/UI Design & Adobe XD
30
Adobe Photoshop CC
30

Проект „Дизајн на прилагодлива веб страна и мобилна апликација“

Како финален производ од менторската програма ќе добиете дизајн на прототипна веб страна прилагодлив за различна големина на уреди кој можете да го експортирате и споделите со Вашите соработници.

14

Практична работилница - како до вработување и професионално унапредување

Практична работилница која што има за цел да покаже начини - како до вработување и унапредување во карирерата со помош на унапредени комуникациски вештини и линкдин.

Статистиката говори „92% од анкетираните сметаат дека меките вештини се исто или поважни од техничката подготвеност при ангажирање на нов член во тимот.“

6

Во текот на менторската програма ќе имате можност да работите на реални проекти под менторство на претставник од ИТ компанијата Semos Cloud кој со Вас ќе сподели искуство од секојдневните работни обврски и ќе Ви овозможи да работите во реална работна околина.

Semos Cloud е компанија за развој на софтвер која нуди софтверски решенија, системска интеграција, едукација и ИТ консалтинг. Основните активности се дизајнирање, развој, имплементација и техничка поддршка на софтверски решенија. Во своето постоење, компанијата постигна стабилна структура во однос на тимови и проекти кои работат, како во Македонија, така и во Америка, Канада, Германија и Израел. Низ годините, голем број на програмери, од студенти до експерти, поминаа низ компанијата и помогнаа во нејзиното градење и развој. Во моментов, програмерите од нашата гранка работат на најголемите и најкомплексни проекти во компанијата. Членовите од нашиот тим се редовни учесници на локални и меѓународни саеми и презентации, како и бројни – обуки и предавања на различни теми, па токму затоа, соработката со Семос Едукација, не е нималку случајна.

Бенефити:

  • Светски признаени сертификати од Adobe
  • Тренери со долгогодишно искуство со UX Design и работа на веб страни и/или апликации
  • Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување
  • Работа на практични проблеми за полесно совладување на материјата
  • Креирајте кориснички профили и сценарија, како и мапа на корисничко искуство
  • Поставете структура на веб страна и/или апликација користејќи корисничка интеракција
  • Дизајнирајте кориснички интерфејс и креирајте прототип
  • Научете да тестирате и споделите прототип за веб страна и/или апликација
  • Кариерната работилница ќе ви помогне да го трасирате патот до вашето работно место. Ќе добиете практични совети од луѓе кои што вработуваат, ќе дознаете што им е важно и на кои работи треба да обрнете внимание кога барате работа или сакате унапредување.

Краен датум на пријавување и уплата: 26.06.2019.

Можност за плаќање на рати со Visa или Master од било која банка. На 3, 6 или 12 рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје или на 6 рати со 1% камата со Dinners кредитна картичка.

Пријавете се за Летна менторска програма за UX Designer ПРИЈАВА

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Adobe Training Department
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00