Новости Листа

Летна менторска програма за back-end Python Developers

Запловете во водите на програмерството и станете back-end Python developer со нашата летна менторска програма за back-end Python developers и стекнете со потребното знаење за креирање на back-end веб апликации со програмскиот јазик Python.

Летна менторска програма за back-end Python developers – Почеток 25.06.2019 ПРИЈАВА

Отворен ден: 20 јуни | 18:00 | четврток

Краен датум на пријавување и уплата: 21.06.2019

СПЕЦИЈАЛНА ЛЕТНА ЦЕНА за Менторска програма за back-end Python developer – 31.000,00

Вкупен број на часови: 66

Според резултатите издадени од програмерската заедница TIOBE, Python бележи огромен пораст во неговата употреба во последните три години и моментално се наоѓа на четвртото место на најупотребуваните програмски јазици, веднаш зад Java, C и C++. Ова се должи на неговата флексибилност и широка употреба, едноставна синтакса и компатибилност.

Оваа летна менторска програма е поделена на два дела, Python 1 и Python 2. Во првиот дел ќе начите како ја поставите Python работната околина и како да извршувате операции со различни типови на податоци и структури. Дополнително ќе се запознаете со работа и употреба на бази на податоци, пронаоѓање и справување со грешки, читање и пишување на код.

Вториот дел од програмата започнува со имплементирање на претходно наученото во поголеми програми, испишување на класни методи и креирање на тестови во Python. Тука ќе се запознаете со платформата Django и основи на web development во истата со креирање на вашата прва веб апликацијa.

Бенефити:

  • Тренери со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство
  • Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошн препорака за пракса и вработување
  • Работа на практични проблеми за полесно совладување на материјата
  • Научете да работите со бази на податоци
  • Научете да креирате back-end веб апликации во Django
  • Кариерната работилница ќе ви помогне да го трасирате патот до вашето работно место. Ќе добиете практични совети од луѓе кои што вработуваат, ќе дознаете што им е важно и на кои работи треба да обрнете внимание кога барате работа или сакате унапредување.

Краен датум на пријавување и уплата: 21.06.2019

Можност за плаќање на рати со Visa или Master од било која банка. На 3, 6 или 12 рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје или на 6 рати со 1% камата со Dinners кредитна картичка.

Пријавете се за Летна менторска програма за back-end Python Developer ПРИЈАВА

Летна менторска програма за back-end Python Developer

Наслов на курсотЧасови
Python - I ниво
30
Python - II ниво
30

Курс: Практична работилница - како до вработување и професионално унапредување

  • Како да направите линкдин профил кој што се издвојува, согласно чеклиста од 22 поенти?
  • Начини како да ја зголемите линкдин мрежата на потенцијални работодавци, правилен пристап?
  • Како да направите јасна структура на своето претставување?
  • Како да се претставите себеси во две минути и да го заинтригирате слушателот да сака да Ве види повторно и да чуе повеќе?
  • Грешки во себе претставувањето и како да не ги направите?
  • Како да се справите со непријатните и комплицирани прашања?
  • Пет техники на совладување на тремата

Практична работилница која што има за цел да покаже начини - како до вработување и унапредување во карирерата со помош на унапредени комуникациски вештини и линкдин.

Статистиката говори „92% од анкетираните сметаат дека меките вештини се исто или поважни од техничката подготвеност при ангажирање на нов член во тимот.“
6

ПРИЈАВА

Лице за контакт

Бобан Крстев
Продажно лице за Python курсеви
+389 78 444 796, секој работен ден 9:00-17:00