Менторска програма за средношколци - Веб дизајн со HTML&CSS

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
14 Сеп 2024
Број на часови
75
Цена на курсот
23.500 мкд

Менторска програма за средношколци - Веб дизајн со HTML&CSS

Во оваа менторска програма за средношколци, слушателите ќе се стекнат со основни познавања за веб дизајнот и веб програмирањето. Ќе научат самостојно да направат сопствена веб страна, краен продукт кој може да го надоградуваат со вештините и знаењата што ќе ги стекнуваат понатаму во иднина. Со оваа програама слушателите имаат единствена можност за стекнување со сертифицирана диплома со полагање на испитот Information Technology Specialist – HTML & CSS, како и работа на реален проект под менторство на нашите предавачи професионалци во областа.

Програмските јазици за креирање на веб страници на прв поглед можеби изгледаат премногу сложено. Ако размислувате за вештина како оваа и сакате да почнете да ја учите, голема е веројатноста најнапред да наидете на кратенките HTML и CSS. Овие две основни алатки ги формираат дел од основите на секоја веб-страница. Иако овие програмски јазици често се користат заедно во комбинација, секој од нив има своја улога во извршување на некоја функција кога станува збор за веб-програмирање. Клучните разлики се наоѓаат во нивната имплементација, леснотијата на користење, различните карактеристики и како тие се структурирани.

Програмата во менторската обука е поделена на четири дела:

  • Основи на HTML и CSS
  • Напредно ниво HTML и CSS
  • Испит за стекнување на меѓународно признат сертификат - Information Technology Specialist – HTML & CSS
  • Работа на реален проект со ментор

По завршувањето на првите двете нивоа има можност за полагање на испитот Information Technology Specialist. Со полoжување на овој испит слушателите се стекнуваат со сертификат кој ја потврдува научената експертиза во работа со HTML и CSS.

Работата на практичен проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат практичен проект во кој имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.


Програма

Основи на HTML и CSS – 30 часа

  • Вовед во веб дизајн
  • Структура на HTML и основни тагови и атрибути
  • Користење на табели
  • Работа со слики, видео и аудио
  • Вовед во CSS
  • Селектори и својства
  • Типографија и бои
  • Работа со DIV тагови
  • Форми
  • Креирање на веб сајт со HTML и CSS

Напредно ниво HTML и CSS – 30 часа

  • Користење HTML елементи за метаподатоци
  • HTML семантички елементи
  • Имплементирање навигазија
  • Напредни HTML форми
  • Формат на позадини и граници/рамки
  • Креирање респонзивни страници
  • Напредна манипулација со слика видео и аудио

Испит - Information Technology Specialist HTML&CSS

Работилници за работа на реален проект - 15 часа

  • Бриф за проектот од страна на предавач ментор
  • Развој и креација на проектот
  • Презентации на студентските проекти


Лице за контакт

Елена Петковска
Специјалист за продажба во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, вторник - сабота 9:00-17:00

Лице за контакт

Кристина Кузманоска
Менаџер на детски едукативен центар
+389 71 262 728, вторник - сабота 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

  • Сертификат од положен испит:
    Information Technology Specialist-HTML&CSS
  • Диплома за завршен курс
  • Менторски работилници
  • Бесплатни прирачници за секој курс

Попуст

  • За уплата на целиот износ се добива 10% попуст од основната цена

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • 3 рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • Преку фактура