Менторска програма за средношколци – програмирање со Python

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
6 Апр 2024
Број на часови
75
Цена на курсот
23.500 мкд

Менторска програма за средношколци – програмирање со Python

Програмскиот јазик Python е еден од најпопуларните јазици во светот благодарение на неговата лесна синтакса, голема флексибилност, компатибилност и интерактивна средина. Според истражувањата на TIOBE index, Python програмскиот јазик во 2022 година се наоѓа на врвот на листата на најбарани програмски јазици и на првото место на листата на омилени програмски јазици и меѓу почетниците во програмирање односно деца и средношколци. Целта на оваа менторска школа е да го насочи слушателот да размислува креативно и динамично во однос на формулацијата на проблеми, со користење на модерни технологии и го олеснуваат процесот на кодирање. Слушателот ќе може да решава реални проблеми и да пишува алгоритми кои успешно ќе ги имплементира во програмскиот јазик Python.

Во оваа менторска програма за средношколци, започнувајќи со вовед во програмирањето, преку подесување на работната околина за програмскиот јазик Python се ориентира на изучување на неговата синтакса и се она што е потребно за да се стекне со темелна и практична основа прилагодена за секој ученик кој сака да се запознае со  програмирањето. 

Програмата е поделена на четири дела:

  • обука Основи на Python
  • обука Напреден Python
  • испит за стекнување на меѓународно признат сертификат - Information Technology Specialist - Python
  • работа на реален проект со ментор

По завршувањето на првите двете нивоа има можност за полагање на испитот Information Technology Specialist. Со полoжување на овој испит слушателите се стекнуваат со сертификат кој ја потврдува научената експертиза во програмирање со Python и го зајакнуваат логично размислување, креативноста и апстрактно размислување.

Работата на практичен проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат практичен проект во кој имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.


Програма

Основи на Python – 30 часа

  • Вовед во програмирање
  • Вовед во програмирање со Пајтон
  • Подесување на работна околина
  • Податочни типови во програмскиот јазик Пајтон
  • Контролни структури и команди за избор
  • Напредна примена на контролни структури и команди за избор
  • Јамки - структури за повторување
  • Функции
  • Справување со грешки
  • Работа со папки

Напреден Python – 30 часа

  • Вовед во курсот + Напредни контролни структури
  • Напредна работа со датотеки и ОС пакет
  • Работа со текстуални податоци
  • Работа со математички операции
  • Напредна работа со функции
  • Запознавање со пакет за датуми и време
  • Вовед во Објектно Ориентирано Програмирање
  • Објектно Ориентирано Програмирање

Испит - Information Technology Specialist Python

Работилници за работа на реален проект - 15 часа

  • Бриф за проектот од страна на предавач ментор
  • Развој и креација на проектот
  • Презентации на студентските проекти

Лице за контакт

Елена Петковска
Специјалист за продажба во Детски Едукативен Центар
+389 75 289 722, вторник - сабота 9:00-17:00

Лице за контакт

Кристина Кузманоска
Менаџер на детски едукативен центар
+389 71 262 728, вторник - сабота 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на работа со компјутери и Windows.

  • Сертификат од положен испит:
    Information Technology Specialist-Python
  • Диплома за завршен курс
  • Менторски работилници
  • Бесплатни прирачници за секој курс

Попуст

  • За уплата на целиот износ се добива 10% попуст од основната цена

Начин на плаќање

  • Во готово или со уплатница
  • Дебитна и кредитна картичка
  • 3 рати без камата со кредитна картичка на Стопанска банка
  • Преку фактура