Revit Landscape Design
Autodesk Авторизиран Тренинг

Скопје
Аплицирај
Број на часови
40
Цена на курсот
16.500 МКД

За кого е наменет курсот

Autodesk® Revit® за Пејсажна архитектура е официјален курс наменет за дизајнери по пејсажна архитектура, но и за сите оние кои сакаат да се стекнат со нови вештини.  Покрај теоретските излагања, слушателите во рамки на курсот ќе имаат можност да работат на конкретен проект од старт до финиш.


Содржина на курсот

  • Вовед во БИМ технологијата,
  • Запознавање со апликацијата, нејзиниот интерфејс, алатките за навигација
  • Работа со основните алатки за моделирање и модификација
  • Работа со надворешни фајлови
  • Креирање на терен и други пејсажни конструкции и компоненти
  • Работа со Сајт Дизајнер палетата
  • Работа со погледи, креирање и нивна организација
  • Подготовка на техничка документација како 2Д технички детали, коти, ознаки, симболи
  • Работа со листи за спецификација на елементи и материјали
  • Подготовка на листови за печатење и експортирање во dwg формат
  • Обука во Autodesk Авторизиран Тренинг Центар
  • Работа на лиценциран Autodesk софтвер
  • Обука спроведена од страна на Autodesk Certified Instructor
  • Литература во најновата верзија со вежби за секој курс
  • Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Autodesk Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Борјанчо Мицевски
Раководител за бизнис развој на балкански регион
+389 75 345 258 +389 78 306 647

Autodesk® Revit®

Autodesk® Revit® е водечка БИМ платформа во светот наменета за проектанти од сите дисциплини од областа на високоградбата. На корисниците им овозможува да дизајнираат објекти во 3Д околина користејќи параметрични компоненти, да вршат сложени анализи како и да подготват обемна техничка документација. Користењето на Autodesk® Revit® апликцијата заштедува од 30-50% од времето и буџетот потребни за изработка на проектите во споредба со традиционалното КАД проектирање. Истовремено, Autodesk® Revit® овозможува поголема контрола над моделот, а со тоа и зголемен квалитет на проектите. Поради големиот број на придобивки, употребата на БИМ технологијата при изработка на проектите е мандаторна во голем број на земји во светот.

Материјал за курсот

  • Официјална литература на Autodesk - Autodesk Official Training Courseware на англиски јазик и линк со вежбите.
  • По завршување на курсот секој слушател добива Autodesk Certificate of Completion.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура